@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

сабота, јуни 04, 2005

Зошто Правда


Во сите нормативни дисциплини во кој директно или индиректно се обработуваат постапките на луѓето во однос на другите, било да се работи за Правото или Политичката филозофија,
Етиката или Религијата,
Правдата го завзема централното значење.

Нема определена дефиниција што би ги разубедила луѓето дека точно оваа или некоја друга концепција на правдата е онаа вистинската. Концепција што би одговорила на предизвикот на вистинскиот идеал на правдата, по која човештвото е во емотивна потрага. Сите досегашни видувања на правдата се чисти лаги и нецелосни рамки што ја создаваат лажната слика за правдата. Тоа се само злоупотреби што го сквернават зборот правда со цел да се даде предност на системи на вредности кои всушност се вистинска неправда.
Идејата на правдата не е да се потенцираат чувствата на другиот, ниту пак да се морализира другиот или во краен случај да му се посочуваат вредностите што го прават животот драгоцен.
Вистинската идеја е сами да ги поставиме тие вредности не само со употреба на голема буква во речениците, туку треба да ги генерираме и реализираме.
Само тогаш ќе ја прифатиме вистинската дефиниција и реалниот концепт, кој се создава само со дискусија.

Ако се анализира правдата тргнувајќи од нејзината основа и цел, а сето тоа гледано низ призмата на правото како наука каде и најмногу се употребува и се дејствува во нејзино име,
Правдата е збир на дејствија во сооднос на потребите на правото. Правото како збир на норми, било да се работи за заштита на некои субјективни права или социјални норми треба да дејствува во насока на правдата затоа што тие правила и норми се донесени со една иста цел, да обезбедат сите членови на општеството да добијат еднаков третман низ институциите на правдата. Полемиките околу правдата се започнати низ сите сфери во општеството. Додека институциите на правдата се обидуваат да одржат едно чувство на сигурност и задоволство меѓу членовите на општеството, големите неправди што пропратно ги прават веќе резултираат во големи незадоволства меѓу луѓето,бунтови и револуции.
Сите овие сфери во општеството кои, директно или индиректно се во допир со концептот на правдата кој пред се е нормативен ги изразуваат принципите на правдата на свој начин, кој резултира во различни видови или концепти на правда.

Дистрибутивна Процедурална и Ретрибутивна

Дистрибутивна Правда или економска правда е концепт кој се
залага за секој член на општеството да има фер дел од бенефициите и ресурсите што тоа ги обезбедува.Со оглед на тоа
дека сите би се сложиле богатствата да се распоредат
подеднакво,исто толку би се јавило несогласување околу тоа што претставува Фер дел.Неко реално разумни критериумиа за
дистрибутивната правда би биле еднаквост и потреба.
(Се мисли на онаа еднаквост со која наградата за еден поединец
треба да биде еднаква на неговиот допринос во општеството.
Дистрибуцијата на правдата според потребите се однесува на,
луѓето на кои им треба повеќе ќе добијат повеќе,додека на тие што им треба помалку ќе добијат помалку.)

Процедуралната правда го остварува концептот со донесување на одлуки и нивно имплементирање во една правилна и фер постапка.
Значи таа се грижи начинот и постапката до кој би се дошло до
правдата да биде праведен и фер.Според овој принцип се донесуваат правила кој треба стриктно да се следат за да генерираат стабилност и еднаквост.Тие што ги носат основните начела на овие постапки треба да бидат неутрални,додека оние
кои директно се засегнати од одлуките на законодавецот треба исто така да имаат некакви права во однос на водењето на постапката.Предноста на овој концепт на правдата е во тоа што ако луѓето веруваат дека постапката е фер многу побрзо би го прифатиле исходот од постапката дури и оној кој негативно би се одразил врз нивната економско-социјална состојба.

Ретрибутивната правда се однесува на идејата дека луѓето
заслужуваат да бидат третирани на оној начин на кој тие ги третираат другите луѓе.Ова е еден ретроактивен пристап на
правдата со кој се оправдува казната како одговор на прекршувањето на веќе зададените норми.(Се мисли на тоа кога
некој би убил човек а за тоа во некои земји е пропишана смртна казна,убиецот знаејќи дека за таквото дело му следува одземање на неговиот живот автоматски се согласил на смртната казна уште
пред да го изврши убиството).
Значи централната идеја е дека престапникот го нарушил балансот на владеење на правото и дека казната повторно би го вратила тој баланс назад.
Ретрибутивната правда игра централна улога во постапките кои
се водат против повреда на човековите права и воените злосторства.





Comments on "Зошто Правда"

 

Anonymous Анонимен said ... (6:18 претпл., јуни 05, 2005) : 

aaaaaaaaaaaaa

 

Anonymous Анонимен said ... (10:13 претпл., јуни 29, 2005) : 

super tekstovi si odbral, super sliki!!ima smisla, ima poraka sto e najbitno za eden blog!!bravos!!

 

Зошто Правда'">post a comment