@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

среда, јуни 29, 2005

Животните имаат право на Живот


Животните не се наши за да ги експлоатираме.Тие ја доживуваат болката и стравот исто како и ние.Ние луѓето не можеме морално да го игнорираме фактот дека тие страдаат со тоа што ги третираме како потрошен материјал.Експлоатацијата на животните е заснована на истите предрасуди и принципи кои доведоа до експлоатација на луѓето од различна раса,пол,религија.













Животните не се наши за да ги јадиме.
Секоја година повеќе од 27 милијарди свињи,крави,кокошки и риби се убиени во САД за храна.На фармите каде се произведува најголемиот дел од месото и млечните производи,животните се затворани во кафези толку мали така што не можат воопшто да се движат.Големите корпорации го негираат сето тоа објаснувајќи како е тоа нормално за нив.Кријат дека кравите и свињите ги кастрираат без никакви седативи,ги хранат со хормони што го забрзуваат зголемувањето на тежината и потоа ги дрогираат доволно многу за да ги преживеат пеколните услови во кој живеат кој инаку би ги убиле.Животните не се наши за да ги носиме.Производителите на крзна и кожи ја поддржуваат свирепоста кон нив.Тоа е огромен бизнис во кој страдаат милијарди животни,каде кравите понекогаш се свесни додека му ја дерат кожата,сето тоа поради непрофесионалната опрема и негрижата за нивниот живот.Дури и кожите од кучина и мачки од Азија не се обележани така да не можеме да бидеме сигурни што носиме на нас.Производителите на волна и крзно исто така користат несоодветна опрема за да ја ублажат ако ништо друго болката на овците,кои откако нивното влакно ќе изгуби на квалитет се безмилосно убивани.
Животните не се наши за да експериментираме со нив.Животните се сечат без анестезија,се горат и трујат во експерименти кој се свирепи и безцелни.Милијарди зајаци,глувци,мачки,кучиња се трујат со козметички производи и производи за домаќинството кое резултира со невидени болки и страдање на истите и се манифестира со повраќање,крварење од очите,ушите и устата.Животните не се наши за да се забавуваме со нив.Циркусот ги принудува некогаш достоинствените и слободни диви
животни да го поминат животот во синџири и шатори.Тренингот се состои од рутинско тепање и мачење а стресот што го доживуваат од заробеништвото ги доведува до деструктивно однесување и полудување.

петок, јуни 24, 2005

М а Н и Т у

zagor
Во 1960 година се среќаваат младиот сценарист Серџо Бонели и Галиано Фери,млад и перспективен цртач на стрипови.Многу брзо се развива големо пријателство кое подоцна ќе премине во деловна соработка од која во 1961 година се раѓа ликот на Загор(всушност се работи за скратеница од За-Гор Те-Неј,што на дијалектот на Англокините значи Дух со Секира.Но сепак се претпоставува дека Серџо Бонели го зел слогот ЗА од ЗА-Ла Морт,популарен јунак на италијанскиот нем филм,додека за слогот ГОР се претпоставува дека доаѓа од Гордон.Првото име што Серџо го одбрал за својот јунак било Ајакс по познатиот херој од грчките митови,но се откажал кога видел дека постои детергент со истото име.Инспирирани од стрип јунаците (Супермен,Тарзан)двајцата создаваат лик со атлетски изглед,големи физички предиспозиции и интересна препознатлива облека.Временскиот период во кој се одвиваат авантурите на Загор е првата половина на 19 бек,поточно перидот измеѓу 1820 и 1840 година на подрачјето на Северна Америка.Светот кој го создаваат за Загор е неговото кралство Дарквуд,измислена шума сместена во близина на големите езера и Канада.Загор живее во колиба во мочуриштето на Дарквуд,опкружено со жив песок кој ги држи на дистанца многу неповикани гости!Дарквуд освен мочуриште претставува и големо подрачје по кое крстарат многу индијански племиња како и војнички логори,траперски колиби и помали гратчиња во кој живеат претежно белци.Помеѓу сите нив се наоѓа Загор кој се труди да воспостави рамнотежа и разбирање,меѓу бројните невољи што ги следат јунаците на овој стрип.Неретко авантуристичкиот дух на Загор тргнува на далечни патувања оставајќи го Дарквуд зад себе,најчесто за да им помогне на пријателите.
Загор е класичен херој,човек кој мрази неправда и кој својот живот го посветува во борбата против криминалците и одбрана на послабите од нив.
Неговото вистинско име е Patrick Wilding.
Уште како дете преживува страшна несреќа во која ги губи своите родители.Загор се спасува благодарејќи на неговиот татко кој го фрла во реката од која го извлекува Wanderin Fitzy,симпатичен скитник и философ кој ја напиштил цивилизацијата за да живее во мир и тишина во природата.Тој го подучува Загор на многу вештини.Всушност под негово менторство Загор ја совладува вештината на ракување со секира до совршенство.Во една пресметка Загор го убива Саломон Кински,убиецот на неговиот татко,кој пред смртта му ја открива вистината за татко му,но тогаш го губи и својот ментор.После тоа младиот Patrick Wilding се заколнува дека до крајот на животот ќе се бори против неправдата, а случајната средба со патувачкиот театар резултира и со создавање на неговата култна облека(црвена мајца со жолт круг во кој е ликот на орел со раширени крилја,кој значи дека Загор е пратен од големиот Маниту) и новото име.
Како и секој суперхерој така и Загор има свој верен помошник и сопатник во безбројните авантури.
Дон Чико Фелипе Гаетано Лопез Мартинез или накратко Чико.Чико е симпатичен,секогаш гладен и несреќен мексиканец,комбинција на Санчо Панса и неговиот комичен лик,кој секогаш запаѓа во неволји надмудрубајќи се со сомнтелните бармени покушубајќи да добие уште една порција на вересија.zagor
Како и Загор и Чико има индијанско име-Малиот човек со голем стомак.Освен Чико Загор има уште ногу други пријатели,како што е Тонка поглавицата на Мохавите и Загоров брат по крв.Тој ги знае сите тајни и трикови со кој се користи Духот со Секира за да би го одржал мирот во Дарквуд.Digging Bill, смешен трагач по злато,чија голема желба да пронајде злато ќе ги вовлекува Загор и Чико во потполно непланирани авантури.
Капетан Fishleg, прекален морски волк кој со својата верна бродска посада и својот брод Golden baby плови преку многу мориња. Many eyes е комичен индијански врач кој името го добил поради наочарите што ги носи поради слабиот вид,како што вели ги прифатил наочарите како одличен изум на белците.
Doc Lester, претставник на траперите и голем пријател на Загор кој прекарот Doc го носи со причина,додека живеел во цивилизација бил забар.
Освен бројните пријатели ,тука се и бројните непријатели,меѓу кои најмногу се истакнува Хелинген,најголемиот непријател на Загор.Овој изопачен луд гениј со изумите пред неговото време,изгради голем број на ракети,оствари контакт со вонземјани и ја победи смртта.
Барон Ракоси,вампир со кој Загор се сретнува неколку пати.
Кандракс,келтски друид со магична моќ.zagor
До 1980 главен сценарист на овој стрип е Бонели кој го користеше псевдонимот Guido Nolitta, за после тоа работата да ја превземат Marcello Toninelli и Ade Capone,и на крајот главни сценаристи се Mauro Boselli i Moreno Burattini.Епизоди за Загор имаат пишувано и многу други италијански сценаристи како што се Alfredo Castelli, Tiziano Sclavi, Gianluigi Bonelli и многу други.....
Важен дел од тимот на Загор и еден од главните фактори за успехот на стрипот се одличните цртачи,меѓу кои се наоѓа и Gallieno Ferri, по многумина најдобриот цртач на Загор,потоа старите мајстори,Frank Donatelli и Franco Bignotti и новиот бран на автори Carlo Raffaele Marcello, Mauro Laurenti, Raffaele Della Monica, Alessandro Chiarolla, Marco Torricelli, Gaetano Cassaro, Stefano Andreucci, Massimo Pesce , Maurizio Dotti и многу други.Интересно е да се спомене дека ликот на Загор е адаптиран за филм уште во 1970.Филмот го сними турскиот режисер Mehmet Aslan,а главната улога му е доделена на Cihangir Gaffari.Успехот што следи доведува до уште еден филм во 1971,овојпат режисерската палка ја има Nisan Hanceryan а духот со секира го игра Levent Cakir.Ако сакате да видите како изгледаше постерот од филмот и интерпретацијата од турските актери,фотографиите се тука.
Загор веќе излегува 45 години и се чини дека под водство на Boselli и Burattini ќе доживее уште многу повеќе.
Авантурата продолжува.

среда, јуни 22, 2005

Како Марли Го Промени Светот

Боб Марли беше безвременски човек,со мисија кој никој дотогаш не се осмели да ја започне во музиката.Во последните години од неговиот живот тој успеа да го популаризира регето-музика која некогаш порано звучеше непознато и туѓо за многу љубители на музиката.Тој ја опеа судбината на Јамајка со невидена автентичност за масовната публика.
Потоа сакаше да зборува за светот надвор од границите на Јамајка,сакаше да зборува за вистината за другите луѓе,за тие што се во Европа и Англија.
Тоа беше свет за кој неговата публика не знаеше доволно.Не доживеа да види дека сонот се оствари,но сепак нешто фасцинантно се случи одкако Боб Марли почина пред 25 години,можеби неговиот сон и има шанса.Марли не пееше за тоа како мирот може лесно да владее во светот,повеќе пееше за тоа како пеколот на земјата доаѓа премногу едноставно и допира до сите.Тој не пееше за едно дистанцирано сочувство,тој ги знаеше состојбите за кои пееше.Неговите песни беа негови сеќавања,живееше со
експлоататорите и тие што ги експлоатираа,беше и застрелан од нив.
Роберт Неста Марли е роден во едно мало село во Јамајка по име Девет Милји.Неговиот татко капетан Норвал Марли беше белец,надзорник на колониите што Британската влада ги имаше кога ја колонизира Јамајка во 1660г.Неговата мајка Цедела е млада црна жена по потекло од племето на Кромантите.Таа како црн слуга била сведок на најкрвавите преврати на островот.Капетан Норвал Марли ја заведува седумнаесетгодишната Цедела,ветувајќи и брак и спас од колонијата.Кога забременува ја напушта засекогаш.
Подоцна таа ќе каже дека се плашела дека ќе го изгуби својот син поради тоа што е зачнат од бел човек.Мешаните бракови не само што не биле чести тие исто така и не биле добредојдени меѓу заедницата.
Според пасошот на Боб Марли тој е роден на 6 Април но Цедела е сигурна дека е два месеци претходно.Наследството што го има Марли му даде една солидна перспектива.Иако искрено стана посветен во животот за каузата на црните луѓе,зборувајќи на целата дијаспора потсетувајќи дека тие се тие што се угнетувани колонизирани и оковувани во
синџири, како резултат на трговијата со робови и империјализмот тој никогаш не изрази омраза и презир против белите луѓе.Неговата омраза беше насочена кон борбата за моќ и нејзините злоупотреби во однос на луѓето.Тој виде дека таа борба доведува до крвопролевање,но исто така и сфати дека ако човештвото не успее да се обедини нема да опстане воопшто.
Во 1950 Цедела се преселува во Кингстон,поточно во предградието кое го формира британската влада за сиромашните луѓе,виртуелно сите црни.
Предградието беше "Trench Town",а куќата што ја направиле со Марли е еден ред ефтина ламарина и еден ред картон,воглавно без вода и никакви санитарии.Тоа е едно од оние места каде соништата можат да те одгледаат и да те издигнат над сите или пак да те убијат.Марли и покрај екстремните услови за живот и сета жестина што
ја наметнува гетото се обидува да му даде смисла на својот живот.
Тоа го пронаоѓа во ексцентричната ритам и блуз сцена на Кингстон.Кон крајот на четириесетите младите од Јамајка почнува да ги фаќа треската од урбаната и популарна музика од Америка,поточно денс и блуз звуците од New Orleans.Веќе од 1960 Кингстон продуцира своја сопствена форма на R&B Луциден и интензивен ритам,скоро инверзија на Американскиот рок 'н рол и фанк.Оваа нова Јамајканска музика е резултат на тоа како црнечката музика преживеа и еволуира,музика која на маргинализираната популација и даде начин да ја каже вистината за нивните животи и начин со кој издвојуваја победа над секојдневната мизерија или барем најдоа замена.Јамајканската музика му служеше на народот за раскажување приказни и за моралните падови на секојдневието, најчесто со остри и безмилосни пораки.Затоа музиката што почна Марли да ја свири имаше темпо кое можеше да го носи товарот на така луцидни цели.Се вика СКА(Ритамот наликувал на гребење по табла) и како што рок 'н рол музиката во Америка во тоа време беше
осудена на пропаст и деморализирана,исто така и политичарите
и медиумите од Јамајка гледаат на СКА како на ѓубре.Опасна музика од гетото што го распламтува насилството меѓу бандите. Марли иако навидум ситен и слаб бил познат во
Trench Town по неговата храброст и уживал почит,дури имал и уличен прекар:Tuff Gong.
Тој остана надвор од криминалот во гетото само поради тоа што ја пронајде вистината и квалитетите во безмилосната искреност,храброста и грубата убавина со која беше опкружена заедницата во која живееше.Сразмерно на сето тоа тој не посакува да избега или да го напушти гетото,туку напротив тој сака да зборува за реалноста
и во името на заедницата.Тој веќе ја има напишано песната за евтиниот морал "Judge Not" снимена со тогаш водечкиот продуцент на Кингстон,Лесли Конг и ја издава во 1963.Истата година Боб Марли ја формира и групата со неговиот другар
од детството Невил Ливингстон(кој подоцна ќе стане познат како
Bunny Wailer)и Питер Мекинтош.На групата подоцна и се придружува и
Џо Хигс како вокал.Хигс претходно работи со Клемент Дод,доминантна фигура
во продуцирањето музика во Кингстон.Дод е познат по то што крстарел по островот со неговото озвучување,еден вид ди-џеј говорница на тркала која ја
поставувал по сали и пуштал Јамајкански СКА звуци.Марли и останатите од групата снимиле неколку песни со Дод во 1963 вклучувајќи ја и песната "Simmer Down".
Песната е молба и обраќање до бандите во гетото да престанат со насилство пред да биде доцна.Постигнува инстантен резултат со добра причина.За прв пат му се обраќа глас од внатре во гетото,глас кој му даде тежина на нивните проблеми и кој покажа со прст на нивното постоење.Успехот што го постигнува песната има голем
трансформирачки ефект, како на сцената така и кај Марли и кај останатите од групата,кој потоа ќе се наречат"The Wailing Wailers" за на крај да бидат само"THE Wailers"(името има цел да опише некој кој повикува одвнатре од самото гето-паталец и сведок-).
Клемент Дод импресиониран од етиката со која Марли се посветува
на музиката му организира проби со уште неколку групи од студиото,вклучувајќи ги и "Soulettes" женско трио во кое пееше и Рита Андерсон.Во 1966 се жени со Рита и пробува да ја пронајде среќата во Америка,но не за долго затоа што е запрепастен од околностите во кој се наоѓаат црните луѓе и работите кои му се достапни на пазарот на трудот.Додека Боб Марли е во Америка нешто значајно се случува во Јамајка,што ќе го трансформира неговиот живот и судбина:
Живиот бог ја посетува неговата родна земја и чекори по неа.Тоа беше
Хајле Селасие,владетелот на Етиопија кој го одбележа неговиот живот и животот на Јамајка.Важноста на Селасие за Јамајканскиот народ започнува уште во почетокот на 2о век со името на Маркус Гарви кој ги охрабри црните луѓе да посегнат по нивното Африканско наследство и да ја креираат сопствената судбина,одделно од онаа што им ја всади Американскиот и Европскиот Империјализам.
Според раскажувањата во 1927 Гарви ги насочил своите следбеници
во Африка да го побараат и крунисаат црниот крал,затоа што месијата е на повидок.Пророштвото на Гарви се остварува во 1930 кога младиот човек по име Рас Тафари го презеде тронот на Етиопија.Хајле Селасие беше живиот бог,праведниот на земјата и искрата надеж за најнапатената од сите црна дијаспора.
Во Јамајка како последица на ова се оформува култот на Растафаријанизам.
Растафаријанизмот понатаму се развива како мистична јудео-христијанска вера со визија на африка,поточно Етиопија како вистински Зион.Растафаријанците никогаш немале дефинирана доктрина,нивните верувања се повеќе збир на народни мудрости
и погледи на светот.Едно од нивните верувања е дека Марихуаната која тие ја викаат Ganja е света тревка која може да ги доведе нејзините корисници до подлабоко себеспознавање.Уште поважно од ова е што Растите имаат Апокалиптичка визија.Тие го гледаат западното општество како модерно кралство на Вавилон,корумпирано и изградено врз страдањата на другите луѓе.Според нивните верувања Вавилон мора да падне иако тие самите никогаш нема да кренат рака за да сторат нешто:
На насилството бог има исклучиво право.Според легендата
додека не падне Вавилон тие нема да ја стрижат косата,ја растат и ја виткаат во Расти.Растафаријанците живеат мирољубив живот и одбиваат да живеат во системот на Вавилон,како политичкиот така и економскиот.Јамајканското општество верува
дека постои доза отпадништво и револт во Растите и затоа со децении се третитани како најпрезираната популација на островот.Во 1966 Хајле Селасие ја има
првата официјална посета на Јамајка.На аеродромот во Кингстон
е пречекан од 100 000 луѓе.Рита Марли е на улиците на Кингстон кога Селасие се движи со колоната луѓе.Во еден момент кога одминува покрај неа таа верува
дека го видела знакот на СТИГМАТА на неговата рака,симболот дека бог пристигна на земјата.После ова таа се приклучува на Растафаријанизмот и неговиот систем на верувања.Во годините што следат после посетата на Селасие,Боб Марли
не само што созрева со Растафаријанизмот,туку почнува и да го живее.
За возврат неговата верба ќе му помогне да пронајде поголема длабочина во неговата музика.Растафаријанизмот,посебно неговите верувања восоцијална правда и неговите критики на западните вредности,нивниот економски,политички и општествен систем споредувајќиго со модерен Вавилон ќе ја одигра главната улога во подемот на
Боб Марли кон неговиот сон и можноста да го сподели со светот во кој живееше.

Човековите Права низ Историјата

750-250 п.н.е
Античка Грција
Развој на универзалниот принцип на правдата
Наречен Природно Право Се гарантира заштита на дипломатите
Право на азил во светите места
Конфедерација на градовите
Потпишани се договори меѓу Феникијците и Хебрејците со другите Средноевропски народи
399 п.н.е
Судење на Философот Сократ осуден на смрт поради неверување во државните добра и расипништво на младината.
375 п.н.е
Платон ја напиша "Држава" каде што ја зачна дискусијата за концептот на правдата и размислувањата да се формира праведна држава.
330 п.н.е
Аристотел ја напиша "Политика" и "Никомахова Етика"
Дискусија за функцијата на државите и индивидуалната етичка одговорност
510-49 п.н.е
Римската Република
49-576 н.е
Римската Империја
53г
Цицеро ја пишува "Република"
Философ,Оратор кој образложи како политиката се одрази на Римската Република,наведе неколку концепти на владеење на природното право

Среден Век
5 век-1453г
Византија(Источна Римска Империја),Поделба на Рим Пад на Константинопол (во рацете на Отоманците)Донесена е Јустинијановата кодификација со цел да го
консолидира претходното Римско право во еден кохерентен и пристапен законик.Теодора,Јустинијановата жена го охрабрува вклучувањето на правата на жените вклучувајќи го и правото на подеднаков имот.
Хуго Гроциус таткото на меѓународното право дискутира за Јус Гентум(право на нациите) за да ги воспостави односите меѓу државите,меѓу државите и физичките лица и односите помеѓу лицата од различни држави.
1679г
"Хабеас Корпус Акт"
Уште една победа на благородништвото над ослабениот крал.Со овој акт се воспоставија правата на обвинетите со кој му се гарантира дека ќе бидат изведени пред лицето на
правдата и спроведување на постапката во разумен временски период.
1689г
Bill of rights
Договор помеѓу новите монарси Вилијам и Мери и парламентот
со кој се ограничуваат привилегиите за идната арисократија
1690г
Џон Лок го издвојува аргументот за правото на бунт на луѓето против неправедната држава,поради заштита на Животот,слободата и имотот.
1748г
Де Монетскје ја промовира идејата дека само поделбата на Извршна,Законодавна и Судска власт ќе овозможи успешна превенција од злоупотреба на власта
1762г
Жан Жак Русо
Правда може да има само со консензус или генерална волја како темел на модерното законодавство
1789г
Декларацијата за правата на луѓето и граѓаните со што отпочна Француската Револуција
1803г
Години на Позитивизмот
Се истакнува случајот на "Марбури против Медисон"
Џон Маршал судија од врховниот суд на САД го воспоставува
принципот на судско преиспитување,со што ја отвора вратата
за судската власт и дава моќ да врши контрола на
уставноста и законитоста на законите
1804г
Наполеоновиот Законик
Кодификација на Француските закони,која подоцна
ќе прерасне во вистински темел на Граѓанското право на
Европскиот континент
1863г
Формирање на Меѓународната Организација на Црвениот крст
1864г
Женевската ковенција со која се гарантира хуман и човечки
однос спрема затворениците од војните
1900г
Хашката Ковенција е прв напор на Меѓународен план за да
се подвлечат правилата и обичаите на војувањето
1919г
Формирање на лигата на нациите
САД и СССР не се вклучени
1928г
Келог-Бриен пактот со кој се дава форма на војната како начин за решавање на недоразбирањата
1948г
Универзалната Декларација за Човекови Права
1969г
Виенската ковенција за законите на договарање на меѓународните договори
1993г
Меѓународниот Кривичен Суд за воените злосторства извршени на просторите на Поранешна Југославија
2000г
Меѓународниот Кривичен Суд

понеделник, јуни 13, 2005

Икона Правда

Божицата на Правдата како симбол односно како икона,своите корени ги има во Античко време.Потрагата по потеклото на нејзиниот иконски имиџ каде по дефолт е"возрасна а не толку стара госпоѓа со наметка" не враќа назад во времето на старите Египќани,каде оваа божица е исто така позната под името МА АТќерка на РА.
Таа му асистирала на Озирис во пресудата на мртвите со тоа што му ги вагала срцата.
МА АТ ја има истата надворешност со исклучок на Терезијата и пердувот во нејзината коса како симбол на вистината и правдата.

Темис е грчката божица на правдата.Темис како една од титаните го има местото советник на Зевс.Таа ја носи терезијата на правдата во една рака а во другата меч,со очите прекриени со превез.Исто така во митологијата е позната како
Божица на божествената правда.Интересно е да се спомне дека не секогаш правдата е претставувана со превез,најчесто Темис Поради нејзините визии односно способноста да "ја гледа"иднината.Кај теоретичарите е постигнат своевремен консензус околу ова прашање за превезот и е константирано дека всушност превезот е додаден од германски сликар од 16 век,нагласувајќи дека иронијата е повеќе од очигледна.
Во Римската митологија како аналогија на Темис е Јустиција која е претставена со истиот имиџ,наметка и превез но многу често со пламен во другата рака во замена за мечот,како симбол на вистината.

четврток, јуни 09, 2005

Европската Правда

Ниту меѓународното право, ниту етиката, не & дава за право на некоја организација или на друг субјект во рамките на меѓународната заедница да одлучува за идентитетот и потеклото на една nacija



Со Уредбата на Советот
на Европа од 2 март 2004 година им се препорачува на членките на Советот на Европа, на Европскиот парламент, на европските локални и регионални власти, на Европскиот суд за човекови права и на независните набљудувачки механизми, следното:

Земјава да се нарекува "Бивша Југословенска Република Македонија", каде што наводниците се составен дел од името;
Придавката или националноста да се додадат на името "Бивша Југословенска Република Македонија", . Пр., "Влада на Бившата Југословенска Република Македонија""Полиција на Бившата Југословенска Република Македонија" , "граѓанин на Бившата Југословенска Република Македонија" ;

Придавката што се однесува на културата да биде македонска (словенска). Пр., македонска (словенска) традиција, македонска (словенска) култура, македонска (словенска) организација, македонско (словенско) школо;

Јазикот - македонски (словенски);

За лицата или групите кои припаѓаат на малцинството или кои зборуваат јазик на малцинството надвор од земјата -Македонец/и, придружено со фуснота на која се појаснува дека тоа е "терминологија на самоидентификација на лицето што го употребува тоа име".

недела, јуни 05, 2005

Извадок од Законикот на Хамураби

Од неколкуте книги за закони што се преживеани од древниот Среден Исток, втора по слава, по Еврејската Тора, е Законикот на Хамураби, шестиот крал од династијата на Аморитите од Стариот Вавилон. Најмногу е познат според прекрасно гравираниот камен којшто сега се наоѓа во музејот во Лувр, а којшто исто така го прикажува и примопредавањето на Законикот меѓу Шамаш, богот на правдата, и кралот. Оваа копија е направена долго после времето на Хамураби, и јасно е дека е долготраен придонес кон цивилизацијата во Месопотамија. Напишани се многу закони, коишто најверојатно се развиле преку долг временски период, но најинтересното е тоа што може да ни го каже за односот, како и секојдневниот живот, на старите Вавилонци. Во изборот што следува, најголемиот дел од долгиот пролог, којшто ги велича моќта и мудроста на Хамураби не е пренесен.
Што можат овие закони да ни кажат за односот кон ропството? Какви индикации има дека некои Вавилонски жени биле директно вклучени во економијата, односно бизнисот? Јасно е дека мажите имале повеќе права од жените во ова општество; но кои закони можете да ги идентификуваме што се насочени кон заштита на определени права на жените? Кои закони не се совпаѓаат со пристапот "око за око, заб за заб"? Што кажува овој текст за квалитетите кои еден владетел треба да ги има за да може да пишува нови закони?
... Ану и Бел ме повикаа по име мене, Хамураби, воздигнатиот принц, којшто има страв од Бога, да го донесам владеењето на правдата на земјата, да ги уништам злобните и оние кои прават лошо; за силните да не ги повредуваат слабите; за да владеам врз луѓето како Шамаш, да донесам светлина на земјата, да придонесам кон благосостојбата на човештвото...
15: Доколку некој изведе еден од машките или женските робови на кралскиот двор, или еден од машките или женските робови на слободен човек, надвор од градот, со цел да избега, ќе биде казнет со смрт.
16: Доколку некој прими во својата куќа избеган машки или женски роб на кралскиот двор, или на слободен човек, и не го пријави кај властите, господарот на таа куќа ќе биде казнет со смрт.
53: Ако некој е премногу мрзелив за да ја одржува својата брана во исправна состојба, и не ја одржува; доколку таа брана пукне и полињата се поплават, тогаш тој чија е браната ќе биде продаден за пари, и тие пари ќе послужат како замена за жетвата што е уништена.
54: Доколку тоа не е доволно да се замени жетвата, тогаш тој и неговиот имот ќе бидат поделени меѓу земјоделците чија што жетва тој ја поплавил.
108: Доколку продавачка на пијалок не прифати жетва според бруто тежината како плата за пијалокот, туку земе пари, и цената на пијалокот е помала од таа на жетвата, таа ќе биде осудена и фрлена во водата. 1
---
1. Ова се однесува на практика позната како судење според тест, коешто било вообичаена практика во многу култури, вклучувајќи ја и средновековна Европа. Верувањето било дека реката Еуфрат би се однесувала како судија на луѓето обвинети за различни злосторства. Доколку, кога била фрлена во водата, обвинетата плутала по површината, тогаш била сметана за невина, но доколку потонувала, тогаш, според реката, била виновна. Споредете со законите на Мојсие, запишани во Стариот завет, Броеви 5:11-31
109: Доколку завереници се среќаваат во куќата на продавачка на пијалок, и овие завереници не се фатат и предадат на кралскиот двор, продавачката на пијалок ќе биде казнета со смрт.
110: Доколку една од "сестра на божество" (калуѓерка) отвори крчма, или пак велезе во крчма да пие, тогаш таа ќе биде запалена.
129: Доколку жената на еден маж е фатена со друг маж, двајцата ќе бидат врзани и фрлени во водата, но мажот може да и прости на жената, и кралот може да им прости на своите робови.
130: Доколку еден маж ја силува жената (завештана или дете-жена) на друг маж, а којашто не била со маж, и сеуште живее во куќата на татка си, и спие со неа и е фатен, тој маж ќе биде казнет со смрт, но жената е без вина.
131: Доколку еден маж обвини жена, но таа не е фатена со друг маж, таа мора да даде завет и тогаш може да се врати дома.
132: Доколку една жена е прокажана (буквално: „на неа е покажано со прст“, прим. ур.) дека спиела со друг маж, но не била фатена, таа ќе скокне во реката заради својот маж.2
138: Доколку еден маж сака да се раздели од својата жена, а којашто не му родила деца, тој ќе и исплати пари колку што ја купил, и миразот којшто го донела од куќата од татка си, и ќе ја пушти да си оди.
141: Доколку жената на еден маж, којашто живее во неговата куќа, посака да ја напушти, се задолжи за да влезе во бизнис, се обиде да ја уништи, го занемари сопругот, и е осудена преку органите на правдата: доколку нејзиниот сопруг понуди да ја ослободи, смее да си оди по својот пат, и тој не и дава ништо како дар за тоа. Доколку сопругот не сака да ја ослободи, и земе друга жена, таа ќе остане како слугинка во куќата на својот сопруг.
142: Доколку една жена се расправа со мажот, и каже: „Ти мене не си ми сроден“, причините за нејзината предрасуда мора да бидат прикажани. Доколку таа е невина, и нема грешка од нејзина страна, туку тој ја запоставува и занемарува, тогаш таа жена е без вина, и таа ќе си го земе својот мираз, и ќе се врати кај татка си.3
143: Доколку таа не е невина, туку го запоставува својот маж, и ја уништува својата куќа, занемарувајќи го мажот, таа ќе биде фрлена во водата.
195: Доколку синот крене рака против таткото, неговите раце ќе бидат отсечени.4
196: Доколку благородник го избие окото на друг благородник, неговото око ќе биде избиено.5
197: Доколку тој скрши коска на друг благородник, неговата коска ќе биде скршена.
198: Доколку го избие окото на обичен човек, или скрши коска на обичен човек, ќе плати еден сребреник.
199: Доколку го избие окото од нечиј роб, или ја скрши коската на нечиј роб, тогаш ќе плати половина од вредноста.
200: Доколку некој ги избие забите на себеси рамен, неговите заби ќе бидат избиени.
201: Доколку ги избие забите на обичен човек, ќе плати една третина од сребреник.
И во иднина, низ сите генерации, нека кралот, којшто е на земјата, ги набљудува зборовите на правдината којшто ги напишав на мојот споменик; нека не ги менува законите на земјата којшто ги дадов, и нека не ги менува правилата којшто ги воспоставив; нека не го оштетува мојот споменик. Доколку таквиот владетел има мудрост, и е способен да ја одржува својата земја во ред, тој ќе ги набљудува зборовите коишто ги нашишав; владеењето, статутот и законот којшто ги дадов; одлуките коишто ги направив, овие записи ќе му ги покажат; нека владее со своите поданици соодветно, нека зборува со нив праведно, нека донесува вистински одлуки, ги исплеви злосторниците и криминалците од оваа земја, и нека им подари напредок на своите поданици.
Хамураби, кралот на правдината, на којшто Шамаш му го даде правото сум јас. Моите зборови се добро обмислени; моите дела се ненадминати; да ги спуштам тие што се високо, да ги поучам гордите, да се надмине непочитувањето.
2. Односно за да ја докаже својата невиност.
3. Правото на жената да побара развод е многу ретка во древните цивилизации.
4. Еврејскиот закон за такво дело (Егзодус 21:15 ) вклучувајќи ја и мајката како родител казнува со смрт.
5. Казните се распоредени според социјалниот статус. "Еднаквост пред законот" е редок концепт во древните времиња.Преземено од
www.agora.org.mk

сабота, јуни 04, 2005

Зошто Правда


Во сите нормативни дисциплини во кој директно или индиректно се обработуваат постапките на луѓето во однос на другите, било да се работи за Правото или Политичката филозофија,
Етиката или Религијата,
Правдата го завзема централното значење.

Нема определена дефиниција што би ги разубедила луѓето дека точно оваа или некоја друга концепција на правдата е онаа вистинската. Концепција што би одговорила на предизвикот на вистинскиот идеал на правдата, по која човештвото е во емотивна потрага. Сите досегашни видувања на правдата се чисти лаги и нецелосни рамки што ја создаваат лажната слика за правдата. Тоа се само злоупотреби што го сквернават зборот правда со цел да се даде предност на системи на вредности кои всушност се вистинска неправда.
Идејата на правдата не е да се потенцираат чувствата на другиот, ниту пак да се морализира другиот или во краен случај да му се посочуваат вредностите што го прават животот драгоцен.
Вистинската идеја е сами да ги поставиме тие вредности не само со употреба на голема буква во речениците, туку треба да ги генерираме и реализираме.
Само тогаш ќе ја прифатиме вистинската дефиниција и реалниот концепт, кој се создава само со дискусија.

Ако се анализира правдата тргнувајќи од нејзината основа и цел, а сето тоа гледано низ призмата на правото како наука каде и најмногу се употребува и се дејствува во нејзино име,
Правдата е збир на дејствија во сооднос на потребите на правото. Правото како збир на норми, било да се работи за заштита на некои субјективни права или социјални норми треба да дејствува во насока на правдата затоа што тие правила и норми се донесени со една иста цел, да обезбедат сите членови на општеството да добијат еднаков третман низ институциите на правдата. Полемиките околу правдата се започнати низ сите сфери во општеството. Додека институциите на правдата се обидуваат да одржат едно чувство на сигурност и задоволство меѓу членовите на општеството, големите неправди што пропратно ги прават веќе резултираат во големи незадоволства меѓу луѓето,бунтови и револуции.
Сите овие сфери во општеството кои, директно или индиректно се во допир со концептот на правдата кој пред се е нормативен ги изразуваат принципите на правдата на свој начин, кој резултира во различни видови или концепти на правда.

Дистрибутивна Процедурална и Ретрибутивна

Дистрибутивна Правда или економска правда е концепт кој се
залага за секој член на општеството да има фер дел од бенефициите и ресурсите што тоа ги обезбедува.Со оглед на тоа
дека сите би се сложиле богатствата да се распоредат
подеднакво,исто толку би се јавило несогласување околу тоа што претставува Фер дел.Неко реално разумни критериумиа за
дистрибутивната правда би биле еднаквост и потреба.
(Се мисли на онаа еднаквост со која наградата за еден поединец
треба да биде еднаква на неговиот допринос во општеството.
Дистрибуцијата на правдата според потребите се однесува на,
луѓето на кои им треба повеќе ќе добијат повеќе,додека на тие што им треба помалку ќе добијат помалку.)

Процедуралната правда го остварува концептот со донесување на одлуки и нивно имплементирање во една правилна и фер постапка.
Значи таа се грижи начинот и постапката до кој би се дошло до
правдата да биде праведен и фер.Според овој принцип се донесуваат правила кој треба стриктно да се следат за да генерираат стабилност и еднаквост.Тие што ги носат основните начела на овие постапки треба да бидат неутрални,додека оние
кои директно се засегнати од одлуките на законодавецот треба исто така да имаат некакви права во однос на водењето на постапката.Предноста на овој концепт на правдата е во тоа што ако луѓето веруваат дека постапката е фер многу побрзо би го прифатиле исходот од постапката дури и оној кој негативно би се одразил врз нивната економско-социјална состојба.

Ретрибутивната правда се однесува на идејата дека луѓето
заслужуваат да бидат третирани на оној начин на кој тие ги третираат другите луѓе.Ова е еден ретроактивен пристап на
правдата со кој се оправдува казната како одговор на прекршувањето на веќе зададените норми.(Се мисли на тоа кога
некој би убил човек а за тоа во некои земји е пропишана смртна казна,убиецот знаејќи дека за таквото дело му следува одземање на неговиот живот автоматски се согласил на смртната казна уште
пред да го изврши убиството).
Значи централната идеја е дека престапникот го нарушил балансот на владеење на правото и дека казната повторно би го вратила тој баланс назад.
Ретрибутивната правда игра централна улога во постапките кои
се водат против повреда на човековите права и воените злосторства.