@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

вторник, декември 27, 2005

Prilep City

Бидејчи сите нешто сте против и оваа нова година(Анти еве ти со мала Н) Еве нешто и од мене:Не да ми се оди на журка ми се корни ама кога вејче сте запнале сите да кукате и цмиздрите еве сите имате покана да дојдите во Прилеп на плоштад За Суперхикс и Кирил за да не речи после некој не ме покани никој, или нема со кого.
АЈт.

вторник, декември 20, 2005

ИПА- Нов Финансиски Инструмент на ЕУ


На 29 Септември 2004 Европската Комисија донесе заклучок за дизајнирање на нов “Финансиски Инструмент за Надворешна Помош”- кој би влегол во планот на буџетот за ЕУ 2007-2013 кој беше донесен на последниот самит на Советот на ЕУ на 16.12.2005 на кој нашата земја го доби долгоочекуваниот статус на Кандидат за ЕУ.
Со овој за клучок е одлучено Финасиските перспективи и помошта која му следува на земјите кандидати да биде спроведена со финасискиот инструмент- ИПА (Instrument for Pre Accession Assistance ) или
“ИНСТРУМЕНТ ЗА ПОМОШ ПРЕД ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО” кој ќе ги замени досегашните ФАРЕ, ИСПА, САПАРД И КАРДС.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ на ИПА
ИПА ќе биде инструмент кој ќе се грижи сите приоритети и обврски кои произлегуваат од кандидатскиот статус на земјите аспиранти да се извршат и обезбедат попрецизно и побрзо.
Во линија на целта на Европската Комисија да ја поедностави и координира испораката на надворешна помош,крајната намера кога се дизајнираше овај финансиски инструмент беше да ги унифицираат сите инструменти во една рамка и да се обединат земјите кандидати и потенцијалните кандидати во една рамка каде однапред ќе биде подвлечено со посебни анекси, кој ќе бидат ограничувањата на ресурсите во зависност од статусот кој го има земјата.
ИПА се состои од пет компоненти
Транзициска помош и јакнење и изградба на институциите
Регионална и Меѓународна соработка
Регионален развој
Развој на Човечките Ресурси
Рурален развој
Од набројаните пет компоненти првите три се однесуваат и на потенцијалните кандидати и земјите кандидати а последните два се однесуваат само на земјите кандидати.
Во прилог на ова е линкот каде може да го превземете интегралниот текст од заклучокот на Европската Комисија за воспоставување на ИПА

четврток, декември 01, 2005

Европската Правда

Ниту меѓународното право, ниту етиката, не & дава за право на некоја организација или на друг субјект во рамките на меѓународната заедница да одлучува за идентитетот и потеклото на една нација



Со Уредбата на Советот
на Европа од 2 март 2004 година им се препорачува на членките на Советот на Европа, на Европскиот парламент, на европските локални и регионални власти, на Европскиот суд за човекови права и на независните набљудувачки механизми, следното:

Земјава да се нарекува "Бивша Југословенска Република Македонија", каде што наводниците се составен дел од името;
Придавката или националноста да се додадат на името "Бивша Југословенска Република Македонија", . Пр., "Влада на Бившата Југословенска Република Македонија""Полиција на Бившата Југословенска Република Македонија" , "граѓанин на Бившата Југословенска Република Македонија" ;

Придавката што се однесува на културата да биде македонска (словенска). Пр., македонска (словенска) традиција, македонска (словенска) култура, македонска (словенска) организација, македонско (словенско) школо;

Јазикот - македонски (словенски);

За лицата или групите кои припаѓаат на малцинството или кои зборуваат јазик на малцинството надвор од земјата -Македонец/и, придружено со фуснота на која се појаснува дека тоа е "терминологија на самоидентификација на лицето што го употребува тоа име".