@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

четврток, септември 14, 2006

Блогери и Права


Се поголемиот замав на блогот како признат медиум,кој во некои земји е веќе заштитен и признат формално правно низ постоечката законска регулатива или судската практика,(Добиени спорови низ судовите во Европа и Америка каде блогот е медиум ,блогерот е новинар) се отвораат и една низа други прашања кои се во една непосредна врска со правата и обврските кои доаѓаат со блогот како и со секој друг медиум пишан или електронски.
Од 1 Септември започна да се применува

Законот за слободен пристап на Информациите
,
кој претставува тврда подлога да се отворат сите прашања во врска со неговите импликации и на блогот како медиум ,кој веќе полека го завзема своето место во нашиот Глобален Македонски Интернет живот.
Со самиот закон се зголемува пазарот на информации ,но дали МАК Блогерите од кои добар дел се докажани во
МК блогосферата би го презеле следниот чекор?Ако веќе го следиме ритамот на глобализацијата и интегрирањето со ЕУ,треба сериозно да се позанимаваме и со правата и обврските кои следуваат со блогирањето,односно би требало да следуваат ако ги побараме.
Дали Македонските блогери се спремни да ги превземат и заштитат правата и обврските кои следуваат?
МАК Блогерите односно On Line новинар имаат право на PRESS пропусница!?

Дали нивната сегашна или идна егзистенција како Оn Line новинар се разликува од новинарот кој работи во А1?
Блогерите треба да имаат пристап до Судовите како известувачи!?
Имаат пристап до состаноците на разни комисии,одбори,владини тела,агенции како и сите останати новинари?
ДАли со новиот закон исто би имале пристап до јавните информации?

Со оглед на тоа што пазарот на информации кај нас е се уште конструиран а консументите “дрогирани” верувам дека треба работите да почнат да се движат во таа насока која би отворила многу врати за блогерите како интернет новинари, а и за самите On line новинари.
Со тоа правопропорционално би се обезбедиле поквалитетни , пообјективни информации и поголема конкуренција на мејнстрим медиумите + повеќе очи кои би демнеле секаде, како волците што ги демнат “бачилата”.
Ако можат сите зошто да не и ние.

Comments on "Блогери и Права"

 

Blogger Photo Volan said ... (10:59 претпл., септември 23, 2006) : 

Добар напис.

На една Блогерска средба на МБЗ предложив, но не се прифати формирање на легално здружание на Блогери - нако невладина и граѓанска организација...

Која ке се грижи за правата на блогерите и за Блогерска солидарност ...

Меѓу другото како здруѓение да се побараат новинарски легитимации за Блогерите членови ...

Ова некако тогаш не се оствари - поради незаинтересираноста на останатите ...

Блогерска средба – Блогерите се срамежливи !?
http://volanskopje.blogspot.com/2006/02/blog-post_114039814870255763.html

“..Добиени спорови низ судовите во Европа и Америка каде блогот е медиум ,блогерот е новинар..“

За ова има и случаеви кај нас каде блогерите влијаеа на формирањето на Јавното мнение

- случајот со р-Еволуција блогот (каде некои работи се вратија по старо)

- а еве и последниот случај на притисок на дел од блогерите за лошото влијание на рекламата на т-ком (онаа летечката од трети спрат)

“..МАК Блогерите односно On Line новинар имаат право на PRESS пропусница!?..“

Каде го прочита ова - или е само твоја иницијатива?

“..Блогерите треба да имаат пристап до Судовите како известувачи!?..“

И за овој цитат прашувам од каде е ...

“..Со оглед на тоа што пазарот на информации кај нас е се уште конструиран а консументите “дрогирани” верувам дека треба работите да почнат да се движат во таа насока која би отворила многу врати за блогерите како интернет новинари, а и за самите On line новинари.
Со тоа правопропорционално би се обезбедиле поквалитетни , пообјективни информации и поголема конкуренција на мејнстрим медиумите + повеќе очи кои би демнеле секаде, како волците што ги демнат “бачилата”.
Ако можат сите зошто да не и ние..“

Наполно го делам твоето мислење ...

 

Blogger Будна Правда said ... (5:43 попл., септември 23, 2006) : 

мислам дека иницијативите ваши се наместо,затоа што пред се побрзо би го залечиле нашето општество,тука сеуште има случаи кои целосно не се истражени,луѓето се уште се плашат ,како што прочитав некаде го имаат клучот мо немаат брава
“..МАК Блогерите односно On Line новинар имаат право на PRESS пропусница!?..“

Тоа веке е имплементирано со во новинарската фела во САД и формално правно е потврдено со донесување низа судски пресуди Blogeri novinari
Плус некои владини американски агенции врз основа на тие пресуди попуштија под притисокот ,и ги изменија процедурите дозволувајки на блогерите да добијат пропусница

“..Блогерите треба да имаат пристап до Судовите како известувачи!?..“

Блогерски права

 

Блогери и Права'">post a comment