@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

четврток, јануари 26, 2006

КОМУНИЗАМ



Комунизмот е хипотетички општествен поредок во кој нема класи и консеквентно на тоа нема држава како орган на владеење.Така поставено општество ќе има многу малку од “таканаречените” јавни авторитети на владата и сето она што останува како корисно за општеството ќе биде “ултрадемократско” и ќе се потпира на интернет референдуми (Директна Демократија).Овие јавни авторитети исклучително ќе бидат насочени кон координација на производството и дистрибуција на добра и услуги и голем број од одлуките што ќе ги носат ќе бидат повеќе сугестивни одколку компулсивни.Формално нема да постојат држави како уредување на една географска област,туку ќе постојат само како географски дестинации.
Нема да има производство на луксузи и комодитети-стоки и услуги произведени за продажба,наместо сето ова стоките и услугите ќе се произведуваат за употреба на самите произведувачи или слободно и бесплатно ќе се делат на оние кои можат добро да ги искористат.
Парите ќе бидат исфрлени од употреба и луѓето ќе имаат слобода да гравитираат од едно на друго работно место во зависност од тоа која работа најмногу ги исполнува.Работата која никој нема да сака да ја работи која е толку “лоша” или ќе биде целосно автоматизирана или споделена со другите на оној класичен и старомоден начин со колективна одговорност за никој да не мора да биде оптеретен со така “тешка” работа.
Социјалниот живот на комунистичкото општество ќе биде извонредно "слободен".Многу малце од табуата а уште помалце од механизмите на регулација што моментално постојат ќе преживеат.Религијата ако преживее воопшто ќе биде сведена на хоби,без моќта да влијае на луѓето и нивните животи на некој значаен начин.Ќе биде "престиж" во комунистичкото општество да бидеш компетентен и поштен,највисоките заслуги ќе одат кај оние кој ќе демонстрираат способност да демонстрираат "полезна" работа која ќе стимулира многумина.Најголемиот злостор кој ќе биде регистриран е обидот да се “најми” работна сила за единствената цел на произведување комоција и луксуз.Ова ќе биде казнето на истиот начин како што сега се казнуваат обидите за трговија со луѓето.Ќе се осуди како еден преседан и најгрозен хорор, во обид да се врати "стариот", "одвратен" и "нехуман" социјалeн поредок наречен капитализам.



понеделник, јануари 23, 2006

Помош



Може да дојде ден кога животните можат да ги побараат правата кој и никогаш не им биле одземени освен од раката на тираните.
Џереми Бентам
Животот е живот дали постои во куче ,во мачка или во човек.Нема разлика помеѓу мачка или човек.Идејата за разликата е човечката концепција за негова лична предност.
Сри Ауробиндо

Ненасилство води кон највисока етика,која е целта на сета еволуција.Се додека не престанеме да ги повредуваме сите други живи суштества се уште сме дивјаци
Томас Едисон
Ќе дојде време кога луѓето како мене ќе гледаат на убивањето на животните како што сега гледаат на убивањето на луѓето.
Леонардо Да Винчи
Големината на една нација и на нејзиниот морален прогрес може да биде вреднувана по начинот на кој се третираат животните.
Махатма Ганди
Човечкото сочувство со сите суштества е првото нешто што навистина го прави човек.
Алберт Швајцер

Се додека луѓето ги масакрираат животните тие ќе се убиваат меѓусебно.Всушност тој кој посадил семе на убиството и болката, тој не може да ожнее радост и љубов.
Питагора

Нашата задача мора да биде да се ослободиме себеси.... Со проширување на нашиот круг на сочувство да ги воздигнуваме сите живи суштества и целата природа и нејзината убавина
Алберт Ајнштајн

сабота, јануари 21, 2006

Прилепскиот Сат

Саат кулата во Прилеп е изградена во центарот на старата чаршија во 1858 година на местото на постара дрвена саат кула,којашто изгорела во пожар што ја зафатил целата Стара чаршија во 1854 година.Ја изградил познатиот прилепски мајстор Петре Лауцо.Градена е на шестоаголна основа со масивни делкани камени блокови во висина од 20.50 м. и скелетен систем од дрвена конструкција.Вкупната негова висина е 38.76 метри.
Еве што пишува на натписот над влезот во саат кулата.


“Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето.За животот и времето што минува ,тој(саатот) жали и вика АХ!”

петок, јануари 13, 2006

Сурова,сурова Василица


Православните Македонци вечерва ќе ја прослават Новата година според јулијанскиот календар, популарно наречена Стара нова година - Василица. Во многу краишта на овој ден се изведуваат разни обичаи, меѓу кои и месење обредно лепче со паричка. Се верува дека тој што ќе му се падне паричката ќе има среќа во претстојната година.
- На Василица се празнуваат три празници, Свети Василиј Велики, Обрезание на Господ Исус Христос и православна Нова година. Обичајот со месењето лепче со паричка е поврзан со чудото што се случило со свети Василиј. Тој бил познат по давање милостина и секогаш им помагал на болните и на сиромашните. Еден ден кај него дошле луѓе што му барале пари. Тој во моментот немал, но во меѓувреме нашол некој богат човек и тој му дал пари, кои потоа им ги дал на сиромашните. По некое време свети Василиј сакал да му ги врати парите, но бидејќи не го познавал човекот, решил да стави паричка во месен леб и на богослужбата, кога ја делеле нафората, се помолил на тој човек да му се врати парата. И така се случило. Оттогаш, христијаните почнале да го практикуваат тој обичај, со цел паричката да симболизира среќа и богатство во текот на целата година.
Според обичаите, василичарите наутро одат по куќите и собираат месо, леб и жито и носат прачка дрво. Со прачката, која е симбол на цврстината и здравјето, ги удираат децата и болните и пеат: "Сурова, сурова Василица". Во некои краишта собраната храна се продавала и со парите се граделе цркви и помошни црковни простории.
Извор: “Дневник”

понеделник, јануари 09, 2006

Пушам значи постојам

Е па доволно ви беше на сите, завршија сите фешти,коледина,пијанки,
крисмаси,сеа малце зафатете се со работа и то по можност без цигари друштво.
Овај навидум мал чекор за нас но голем за Македонија е и тоа како важен за
нашето "превоспитување" за влез во елитата.
Тука
го имате пречистениот текст на неговото величество "Законот за заштита од Пушење" Со Среќа на Сите.

петок, јануари 06, 2006

Запознај Го Твоето МЕСО

Одвојте малце интернет време и вечерва пред да се настрвите на животното кое лежи во вашиот тањир,
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ВАШЕТО МЕСО и барем обидете се со
"Вегетеријанскиот Пакет за Почетници" да дадете мал придонес во запирање на убивањето на животни.
И животните имаат права, зар не.

среда, јануари 04, 2006

Извештај "Човекови Права во ЕУ 2005"

Овде можете да го превземете целосниот
Извештај на ЕУ за Човековите права во 2005 кој според Џек Строу
е подобар од претходната година + Информативниот документ изготвен од страна на секретаријатот на Европскиот Суд за Човекови права а се однесува на
Историја на судот,Организација,Постапка. Со други зборови се што ве интересира околу тоа Каде и како да поднесете барање за заштита на некое ваше човеково право?Кога може да го направите тоа?Кои Услови треба да ги исполнувате за да поднесете барање? го имате ТУКА на Македонски Јазик