@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

среда, март 29, 2006

Пролетно Кречење


Ај Аирлија Работа

понеделник, март 20, 2006

Правда за Интернет


Комуникацискиоти сектор одсекогаш бил регулиран и Интернет не претставува никаков исклучок.Може да се каже дека теоретски Интернет е најобемно регулираната електронска комуникациска мрежа ако не е во пракса.Функционирањето на Интернет на меѓународно ниво и прашањето кој го контролира сето тоа дава за претпоставка дека има важна политичка и легална важност.Интернет може да се опише дека е владеен со консензус од неговите корисници или директно без никакви предодредени избори и платформи туку само со еден обичен клик.
Дебатите за идната форма и статус на Интернет веќе одамна се на повидок.
Една од најголемите причини за измена на регулативите за Интернет е несомнено зголемувањето на неговата комерцијална употреба.
Сите форми на некаква комуникација се подредени на некаква официјална контрола.
Радиото,Телевизијата и Кинематографијата се сите подредени под одредени регулативи.
Често можеме наоколу да слушнеме изјави дека личноста која има контрола на податоците,досиејата е најмоќната индивидуа во било која организација или држава.
Најголемите проблеми се појавуваат со “Домејнот” ,бидејќи компаниите ги регистрираат Веб Адресите по принципот –“прв дојден-прв услужен” и не прават некои детални проверки дали името на Домејнот се поклопува со некој друг Бренд или производ или со друго име:Оваа практика доведе до покренување на огромен број тужби,посебно во УСА.Неколку организации дадоа предлог предпериод од 60 дена пред да се активира домејнот за кој период би се почекало на некакви приговори или забелешки.Досега можат да се препознаат два вида на Домејн имиња:
Генерички и Ознаката на државата.Моментално има 10 Генерички Домејн имиња од кои некои се отворени за широка употреба а други го имаат екслузивното право на одредени категории корисници.Техничката поддршка за секој домејн е овозможена од организација под името Регистратор.Секој регистратор се грижи и ги одржува ефективно своите Домејн имиња и нивните паралелни IP броеви.
.aero-(лимитирано само за употреба на одредени членови на глобалната авијациска заедница)Спонзориран од
Societe Internationale de Telecommunications Aeronautiques SC(SITA)
.biz-Лимитиран за бизнис) Администриран од NeuLevel
.com-Управуван од Verisign Global Registry Service
.coop-(Лимитиран за co-operatives) спонзориран од
Dot Cooperation LLC
.info-Управуван од Affilias Limited
.museum-Лимитиран за Музеи и спонзориран од
Museum Domain Management Association
.name (Лимитиран само за Индивидуалци)
Упрравуван од Global Name Registry
.net-Управуван од Verisign Global Registry Services
..org-Управуван од Регистарот за Јавен интерес
.pro-(Лимитиран за лиценцирани професионалци)
Управуван од RegistryPro
Втората група на Домејн Имиња со ознаката на Државата ,според ИСО стандардот 3166 треба да се состои од деноминатор составен од две букви,за секоја држава во светот.Работите може дополнително правно да се искомплицираат со тоа што не постои обврска за компаниите со седиште во одредена земја или бранша во одредена земја да мора да го регистрира Домејнот на таа географска локација.Од досегашното информации на WIPO(Светската Организација за Интелектуална Сопственост) пристигнати се веќе неколку барања за регистрирање на Домејн името како Марка,како Бренд, како Производ.
Главното прашање е дали има правен основ да Домејн името биде регистрирано како погоренаведеното.Кога би се погледнала Париската конвенција,TRIPS договорите и ЕУ директивите се води кон тоа дека нема да има никаква пречка Домејн името да може да се регистрира како трговска марка.Треба да се применат истите принципи и правила за регистрирање на домејн името како и за регистрација на трговска марка,но од друга страна тие би биле во колизија со правилата и принципите на регистрирање на Домејнот во Регистраторите.

четврток, март 02, 2006

Правото говозвраќа ударот на Сајберпросторот


Периодот помеѓу 1945 и 1970 година може да се види како прва фаза во еволуцијата на врската помеѓу правото и компјутерската технологија.Првото пишување за компјутерот и правото како наслов се случува во 1960 година каде предмет на расправата е легалната свест на компјутерите.Компјутерот порасна од сметачка машина до стадиум каде било која информација,било кој звук или слика ,текст или графика може да биде трансформирана во дигитален формат.Развојот на технологијата на компресирање на податоците во различен формат од МР3 до ДVX овозможи брз трансфер на податоците кој им создава главоболки на сопствениците на авторски права и придвижеи голем број расправи и полемики околу промена на законите за ИТ.Се доби впечаток дека како што се придвижува развојот на ИКТ треба паралелно да се развива и диференцира и правниот режим .
Првиот компјутерски статут е донесен во 1970 година во Германија во следната форма:
Акт за заштита на Податоци.Овој акт е донесен со единствена цел да одговори на загриженоста на јавноста околу употребата на компјутерите за чување на огромниот број на податоци.
Денеска во 2006 година во дигиталната ера таквите грижи се уште поголеми и концептот на заштита на личните податоци е еден од најважните законски решенија како одговор на компјутерската револуција.Компјутерскиот криминал како кршење на законот за првпат се јавува во раните 80’ години во Америка каде владата го превзеде и првиот чекор со санкционрање на компјутерскиот криминал со донесување на Акт за Компјутерска Измама и Злоупотреба во 1984 година.Денеска сите подзаконски акти,решенија и правилници се донесени како надградба на овој со цел да се направи една цврста подлога на регулаторни режими за Е-Трговијата и за односите помеѓу индивидуалците и корпорациите .Изненадувачки е фактот што најголемиот број на иницијативите во сферата на ИТ правото се покренати од меѓународните организации.Компјутерските акти кои се донесоа под капата на актот од 1985 година за заштита на Авторските права на Компјутерскиот софтвер ,со кој компјутерската програма се класифицираше како литерарно дело и се подведе по истиот режим, можеби е и дискутабилно затоа што се доби впечаток дека легислативата се обиде да залепи фластер на рана на која и треба порадикална хируршка интервенција.Како што индустриската револуција се приспособи на тогашната легислатива така и правните системи треба да се приспособат и фокусираат на правото на сопственост и да одговори на потребите на информатичкото општество.
Сајберпростор првпат е спомнат во романот на Вилијам Гибсон “Nekromancer” во 1984 година каде се алудира на виртуелна локација каде се превземени електронски активности.Бидејќи тоа е имагинарен простор кој ги поминува сите граници, еден од аргументите е тој дека треба нов правен режим за да се регулира сообраќајот во него.Една од значајните придобивки на Сајберпросторот е WWW која постои од 1992 година.WWW го користи системот на хипертекст за до формира линкови помеѓу повеќе документи.Сајберпросторот кога би го споредиле со другите технолошки придобивки на нашиот век се развива со неверојатна брзина.Во 1876 година Александар Бел го патентира телефонот.На телефонот му требаа 74 години за да се поврзат 5о милиони претплатници,на радиото 34 години за истиот број ,на компјутерите 16 години, а додека на WWW и требаше 4 години од нејзиното појавување за да го постигне бројот од 50 милиони.Во 2004 година се забележани 233 миллиони Интеренет сајтови и 605 милиони корисници во повеќе од 200 земји имаат пристап кон интернет и WWW. За корисниците во развиените земји Интернет е алатка и придобивка на секојдневниот живот.Многу е ретко да најдеш дневен весник кој нема електронско издание,многу огласи и јавни документи се повикуваат на интернет каде можат да се добијат дополнителни информации .Ова е само почетокот.

ИНТЕРНЕТ БЕЗ ГРАНИЦИ

ИНТЕРНЕТ БЕЗ ГРАНИЦИ
БЕСПЛАТЕН ИНТЕРНЕТ,БЕСПЛАТНИ КОМПЈУТЕРИ ПЕНТИУМ 2 КОЈ ВЛАДАТА СЕКАКО НЕ ГИ УПОТРЕБУВА И КОЈ ЗА ПОЧЕТОК ЌЕ БИДАТ ДОВОЛНИ ЗА СИТЕ ШТО НЕМААТ КОМПЈУТЕР