@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

среда, мај 10, 2006

Адвокатски Награди 2006


Ако Америка си ги има оскарите ,Европа ја има Венеција и Кан,тогаш Голема Британија ги има адвокатските награди.Замислете “Адвокатски награди “како еден вид оскари кај адвокатскиот еснаф, поточно во онаа сфера која се смета за комерцијална адвокатура.За оваа година церемонијата е закажана за 27 Јуни но не пред официјалните објавувања на номинациите во средината на Мај.Номинациите и наградите следуваат во неколку категории,како што се Адвокат на годината,Правник на годината ,Правна фирма нa годината и Бесплатни правни услуги на годината.Се одлучив да ја споделам оваа информација со вас од причина што кај нас адвокатската комора на РМ освен што се бори за измена на законот за адвокатура и за измена на тарифникот за награди немам ни слушнато ни прочитано некаде дека пробува да се однесува благородно како што и доликува.
Бев сведок само на неколку извисени клиенти на денот на објавување на пресудата кога адвокатите не се појавуваат за да ги избегнат клетвите и колнењата поради претходно ветената минимална казна од година или две ако за истото дело според КЗ на РМ минимална е десет.Толку за нашата адвокатура и нејзината креативност и полезност.
За да не бидам погрешно разбран уште само на кратко да објаснам каква е постапката за номинации и предуслов за учество на церемонијата.
Самите адвокати,фирми,компании кои се пријавууваат за учество мораат да донираат пари во добротворни фондови кој претходно се избрани на интернет со класична анкета каде јавноста од неколкуте понудени фондации за “Грижа на Децата” и “Фондации за Децата заболени од цистична фиброза” одбира две и толку.
Ви ги претставувам Адвокатските награди за 2006 !