@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

сабота, јули 29, 2006

"KАZAA" со лисици


Одкако Австралиските судови ја најдоа одговорна за злоупотреба на авторски заштитени материјали преку нивниот софтвер, компанијата KAZAA масивно популарната мрежа за размена на музика, вчера се согласи да им исплати одштета на музичките и филмски компании и исто така се обврза дека ќе ги имплементира филтрирачките технологии кои би одиграле превентивна улога во злоупотреба на авторските права и закони одстрана на нивните консументи.
Со спогодбата објавена од страна на
Sherman Networks
се бара да се регулира огромниот потенцијал на дигиталниот пазар за музика и гаранции дека милионите претплатници на КАZAA нема да продолжата да дистрибуираат и разменуваат фајлови со кои би се прекршиле и злоупотребиле законите на интелектуална сопственост и авторски права.
Изјавата на судското сослушување која ја дадоа претставниците на Меѓународните и Американските Издавачки компании е во следниот контекст “Активностите на КАЗАА катастрофално ја оштетија музичката индустрија и го оневозможија растот на нашиот легитимен дигитален бизнис.Уште еднаш ја потенцираа изјавата на сопствениците на КАЗАА дека во зенитот на нивното работење во Мај 2003 имале 4.2 милиони корисници и 293 милиони превземања најмногу досега за било кој софтвер”.

“Oваа спогодба ја означува зората на новата ера на соработка помеѓу компаниите кои се занимаваат со On Line дистрибуција на музика и филмови и генерално за KAZAA” рече Nikki Hemming CEO на Shairman Networks со седиште во Сиднеј, Австралија.
КАЗАА се согласила да плати повеќе од 115$ милиони одштета на водечките музички и филмски компании и вети дека ќе го редизајнира софтверот за да ги блокира корисниците кои ќе пробуваат да разменат и превземат материјали заштитени со авторски права.Популарноста на КАЗАА опадна последните три години поради изразеното присуство на “spyware” програми и зголемувањето на сервисите кои ја нудеа истата услуга.
Во скорешниот извештај на
“International Federation of the Phonographic Industry” (IFPI), насловен како “Заштитувајќи ја Креативноста во Музиката” се вели дека “Голем број на неовластени сервиси за данлоуд во дигиталниот пазар за музика ставиле крај на нивните злоупотреби на законите и го легитимизирале својот бизнис вклучувајќи ги Grokster, iMesh и Bearshare во САД,Ezpeer во Тајван и Soribada во Јужна Кореја.
Сопствениците на КАЗАА на крајот изјавија дека ќе сторат се за соработката со филмските и музиќките компании да продолжи со што КАЗАА би имала шанса да одигра фундаментална улога во иднината на On Line дигитална забава.
Извор:Washington Post

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , .

понеделник, јули 17, 2006

Тужба За Откривање на Идентитетот на Блогер


Една неодамна покрената тужба во Американското правосудство ги отвори прашањата дали компанија може да поднесе тужба само за да го дознае идентитетот на анонимен блогер со цел за да може потоа да го оптпушти.
Во случајот е инволвиран вработен од компанијата кој постирал анонимен коментар на форум на Yahoo кој бил посветен на неговата компанија.Коментарот го поставил од дома од својот десктоп компјутер.
Во коментарот на некој пост го нападнал менаџментот на компанијата како и униформната метода на менаџирање на вработените и притоа користел расистички навреди.Компанијата како следен чекор поднесува тужба поради нарушување на “Кодот на Лојалност и Чесност” со цел да се открие идентитетот на блогерот. Додека траел овој судски процес вработениот-блогер не бил сеуште свесен дека конмпанијата веќе реагирала на неговиот анти-коментар за да после три месеци одкако ја добила парницата го извеси Yahoo дека идентитетот на Блогерот мора да биде откриен врз основа на добиениот процес и одкако докажала дека тоа е нивен вработен кој ги нарушил нивните политики за
злоупотреба на работното место за вознемирување на колеги на расистичка основа.
Yahoo го известила блогерот дека во рок од 15 дена ќе го открие неговиот идентитет освен ако не превземе некое дејство кое би ги спречило во тоа односно не покрене правна заштита на неговиот идентитет.Откако идентитетот на вработениот –блогер по законските процедури е откриен истиот е отпуштен од компанијата поради расиситички навреди.
Сега истиот тој ги тужи за Злоупотреба на Граѓанската постапка,
Навлегување во приватноста,Јавно објавување на приватни работи.
Прашањето кое се поставува е дали компаниите би имале право да се служат со процедури каде би се нарушило правото на слобода на пишаниот збор ,правото на приватност на домот и слободата на говорот со цел да се дисциплинираат вработените, во случајов кога коментарите ги изнесуваат во приватноста на нивниот дом, на нивниот компјутер.
Ако тие се основни лични човекови права тогаш ова е ноторно кршење на истите.


петок, јули 07, 2006

Блогери Новинари


Шестиот апелационен суд од апелационите судови во сојузната држава Калифорнија го одби барањето на
Аpple Computers да се откријат изворите
на информации на два Блогери бидејќи немаат новинарски легимитет и донесе одлука дека и граѓанските новинари како што ги нарече самите блогери имаат право на истата правна заштита како и новинарите кои што работат за мејнстрим медиумите.
Поконкретно беше образложено дека блогерите уживаат заштита врз основ на
“Калифорнискиот закон за заштита на репортерите”
Еве што рече за тоа претседавачот со судскиот совет Судијата Conrad Rushing, Цитирам”Ја одбиваме имплицитната покана да бидиме вмешани во одговор на прашањето што претставува “легитимен журнализам”.Намерата на законот е да го заштити собирањето и дистрибуција на информации а тоа е она што тужените го направија.Не можеме да имплементираме тест кој би бил веродостоен за да го даде одговорот на тоа која е разликата помеѓу легитимна и нелегитимна информација или вест. Секој обид на судовите да подвлекуваат таква дистинкција би ја загрозил фундаменталната цел на Првиот амандман да ги идентификува најдобрите ,најважните и највредните идеи ,не по некоја социолошка или економска формула,правна рамка или постапка на владата ,туку напротив преку тешка и напорна конкуренција на флуктуирачкиот пазар.Многу сме задоволни со одлуката затоа што Апелациониот суд во Калифорнија ја отфрли архаичната нотација и практика дека новинарството на некој начин е или треба да биде во функција на некоја социолошка или економска формула.
Блогерите кои практикуваат новинарство се новинари.Точка.”

Затворен цитат.