@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

петок, април 06, 2007

Тренерот Шекеринска


Прашање.
Ме интересира како може цело време да ја промовирате блогосферата
сите вие блогери,над блогерите,а никој збор не зуцна за медиумското лудило кое го зафати етерот со Шекеринска и нејзините"играчи" од нејзината репрезентација.За жал Шекеринска уште еднаш ја "подели" Македонија,и се однесуваше како СЕИ да е од мајка е и татко е и како таа да е управител на ДООЕЛ.Зошто не праша мори Радмило пуста да не ги смениле можеби поради тоа што не ги извршувале работните задачи,си оделе порано дома обемот на работа е зголемен но тие не се навикнати,можеби не го признаваат "тренерот нов" па не сакаат да трчаат,но чекај нели играчите се секогаш професионалци и кој тренер и да дојде и колку да не ги става во игра,колку и да седат на клупа, ниеден играч а најмалку па претходниот "тренер" не се истрчува по весници да се жали и кука како ете тој е добар ама го мрази тренерот и не му дава да игра.НЕ седат и му веруваат на "тренерот" затоа што тој затоа е платен како што се тие платени за да работат,па ако греши и тој ке биде сменет.Да не беше смешно ке беше тажно.Те молам само немој друг пат да ја валкаш фудбалскат игра со такви гнасотии и да мешаш баби и жаби,.........ааа ДА и не сме толку ретардирани како што си мислите вие сите та да не можеме да препознаеме гомна.Гомно е гомно,засмрдува некогаш веднаш, некогаш покасно.
Кутрите мали хрчки се залетале како прле пред магаре и ајде сега со добро познатиот стил
на молење и фрлање дрвја и камења по сите амбасади и дипломати.
Лелееееее не сменија а видете колку тоа ние зборуваме добро по дури два јазици,и сме магистри.Како не му е само срам на сите медиуми да пишуваат,дека ете дечината разгалени,мамините мази и "тати" леле, леле му ја намалиле платата,Згора на се ДНЕВНИК дури и на насловна ги кладе а на канал 5 беа со ударна музика онака маршалска.Гниди над гнидите сте сите,обични вошки кои треба да се "пукнат" меѓу два неисечени палци.
Пишувате,рикате како магариња дека ете некој смениле и му ја намалиле платата,додека пола Македонија е невработена,имаме незнам колку доктори на науки,правници,инжењери,лекари,економисти,професори, и се по список според националната класификација на заводот за статистика ,кои возат такси или не возат ни такси,возат само велосипед иле не ,не возат ни велосипед одат печки еднаш во месецот и чекаат по ходниците на системот за да се приајват во што како ја викате вие сите,....... а ааааа да АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ,да даааааа ,само не знам кога некој последен пат вработила.Во секоја нормална земја по кој знае кој пат треба да кажеме дека никој не е вечен,на ниедна позиција како што има унапредување има и назадување и во случајов не се сомневам дека сите позитивни законски прописи,законот за работни односи па и уставот ако сакате се испочитувани.Тие се само сменети само од една на друга позиција,нека бидат срекни што имаат "каквa таква работа" ,само ги замолувам нека кажат на кого треба да му пишат 100 000 илјади млади невработени кои , секој ден се повеке и повеке го губат достоинството и самодовербата,или не само тие треба да живеат.Нема други во Македонија што зборуваат по два јазици,демек ете таа зборувала Англиски и Француски и ја смениле ,туф туф,брзо појди кај тато и мама и ке ви купи нова некоја работа,ке ви ги исчисти гомненцата кој само ги трторите.Претпоставувам дека се сменети поради непочитување на хиерархиската субординираност кој постои во секој институција,компанија било јавна било приватна или државна.Сигурно кога ги смениле почнале да плачат и да се лигават,па звонел веднаш кај мама ,тато,вујко да се пожалат дека ете му ја намалиле платата од 600 ЕУР на 400 ЕУР.
Марш таму.