@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

недела, февруари 08, 2009

Аргументи против Манифестот на Геро и Милчин


Провидно многу пред избори,јас немам ништо против опозиционо дејствување но не вака провидно и подло спакувано како обланда ,демек прогресивно,револуционерно,и не знам уште што не.За жал македонските блогери и интелектуалци одамна ги читаат ваквите обиди за контрапропаганда.Aко сакаш политика излези јавно и изнеси ги твоите ставови а не вака спакувани фино,демек не ти е гајле али ај да промовираш кај што ќе стигнеш.Го загадивте интернет ,со вашите манифести и револуции.Треба да се засрамите од тоа што на еден низок и подол начин пропагирате контрапропаганда.Демократски е јавно да излезеш и да ги кажеш твоите политички ставови ,а не вака пред избори ќе објавувате манифести.Ако сакате дебата изјаснете се па да дебатираме , а не вака.... подмолно во интелектуална смисла...да ги доведувате во заблуда помладите читатели на интернет блоговите.Во манифестот има текст дека не сакате камери по болници.......дека не сакате казни за нарушување на јавниот ред и мир.Само за кратко..Во цела Европа не само болниците што се под видео надзор,туку и автопатите и сите плоштади и сите трговски центри и се што се смета за јавна или приватна површина односно простор.Значи да сумирам буквално се и тоа е направено за да се заштитат граѓаните и во нивен интерес,и никој за тоа не се буни и не крева востанија туку ако нема видео надзор самите граѓани го бараат затоа пто самите се чувствуваат побезбедни.За казните за нарушување на јавен ред и мир:
Во Европа во некои земји е забрането чистење по домовите со вшмукувачи на прашина или правосмукали да се изразам жаргонски.Во Калифорнија во Америка во некои општини го забранија пушењето во приватните станови.
Да поедноставам,ако живееш во зграда и имаш свој стан лично твој не под кирија ,општината има донесено одлука за забрана на пушење затоа што пушењето е сатанизирано и стигматизирано до таа мера се во интерес наздравјето на
граѓаните.Така да ве молам вие и вашите другарчиња немој да не третирате како малоумни како да не сме биле никаде надвор од државата
а само вие да сте биле.Сето тоа се почитува во Европа и Америка , сите тие според вас глупави правила,можеби и за мене се
глупави но во суштината на демократијата и културата и граѓанската свест е да се почитуваат како и обратно .Ако не му се допаѓаат на некого има механизми да се напаѓаат но не со пролетни револуции и со изместување на
фактите и тезите.Тоа го прават само оние што во недостаток на аргументи вреѓаат као што вие сега сите нас интелектуално не навредувате.
Во прилог имате линкови за едни од најинтересните закони во Австралија и Америка па повелете Геро,Милчин,Коља и останати одете во Австралија и унапредете ги и таму човековите права иако Австралија според сите стандарди и анкети се смета за една од најдемократските земји
Линкови:Во град во Калифорниja забрането пушењето во вашите домови


Во Австралија е воведена Забрана за чистење со правосмукалка од 10.00 часот навечер се до 07.00 наутро за време на работните денови и забрана од 10.00 навечер до 09.00 наутро за време на викенди,забрана за шегување и кажување вицови со бомби и терористи на сите Австралиски аеродроми од Јуни 2005 год.


Comments on "Аргументи против Манифестот на Геро и Милчин"

 

Anonymous Анонимен said ... (6:11 попл., февруари 08, 2009) : 

Батка знаеш ли што заборави. Само два примера. Во Париз на пример на секоја станица имаш точно време кога ти доаѓа АВТОБУС(на секоја постојка имаш табла да пратиш преку GPS систем)и замисли стварно доаѓа, не автобус како нашиот кој незнаеш кога ќе дојде или воопшто дали ќе дојде.
Пример број два, сакаш во Лондон, сакаш во Париз, сакаш во ЊуЈорк, имаш еден мал милион на корпи за отпадоци, колку има кај нас, може да се избројат ама буквално. Да не останам на два, еве ти уште еден пример. каде кај нас имаш јавно WC, ама вистинско со сите пропратни работи што одат, а и да не смрди. Си бил ли на пример во Торонто, WC-то(објектот) кога го гледаш, она во главниот парк, однадвор мислиш дека внатре е сместен некој музеј.
Ми даваш инспирација бе пријател, основно, си возел ли по европскиве патишта, смееш ли со валкана кола да излезеш воопшто на автопат, колку попатни одмаралишта имаш со сите потребни работи.
И сега ти сакаш да ми кажеш, казни го, фрли хартија на улица, па ќе фрли кога нема канта на видик од 10 километри, или казни го уринира позади дрво, па ќе уринира кога нема WC на 10 километри или ако го има е во таква состојба да со болест излагаш.
Манифест, да кога државата ќе створи услови, па после казни.
Шетале бе пријател многу од нас по Европа, Америка, Австралија па и Африка, биди сигурен дека ниту Геро ниту ти, а па ниту јас треба да им кажеме како е.
Поздрав.
Мачки од Козле.

 

Anonymous Анонимен said ... (9:57 попл., февруари 08, 2009) : 

Од сите републики во поранешна Југославија најголема невработеност има во Македонија и во Босна и Херцеговина додека најмал број на невработени има во Црна Гора, било соопштено на завршната Меѓународна конференција на директорите на јавните служби за вработување на просторите на некогашната СФРЈ во Херцег Нови.

Билјана Јовановска од Агенцијата за вработување во Македонија на средбата детално ги образложила главните мерки кои владата ги усвои за поттик на вработувањето и ублажување на последиците од економската криза.

Јовановска навела дека околу 300 илјади луѓе во државата се наоѓаат на списоците на Агенцијата како невработени што значи дека стапката на невработеност во земјата е поголема од 30 отсто.

Директорот на Агенцијата за работа и вработување во Босна и Херцеговина Хуго Сариќ соопштил дека во моментов на пазарот на труд во таа држава има околу 450 илјади невработени.

Сариќ рекол дека стапката на невработеност во БиХ според официјалната статистика достигнува околу 40 отсто додека според истражувањето на Агенцијата за работа е далеку помала односно дека е околу 23 отсто во однос на вкупната расположлива работна сила. Сариќ додал дека најбарани професии досега во БиХ се фармацевти, лекари и инженери.

Податоците кои биле презентирани на тоа конференција покажале дека во Црна Гора во бирото за невработени за сега има 28.405 лица, односно околу 10,76 отсто од вкупната расположлива сила во таа република.

Директорот на Националната служба за вработување во Србија Владимир Илиќ на истиот собир изјавил дека во Србија има 400 илјади невработени но дека стапката на лица без работа не е поголема од 14 отсто додека пак независните аналитичари во Белград тврдат дека стапката на невработеност во Србија е далеку поголема од таа што ја наведува Илиќ и дека во моментов работа бараат околу 850 и 900 илјади лица.

На евиденцијата на хрватскиот Завод за вработување кон крајот на јануари имало нешто помалку од 254 илјади невработени, изјавила директорката на таа институција Анкица Паун Јарлах. Две третини од невработените во Хрватска биле лица со средно образование а најмалку, односно осум отсто се со виско и со виша стручна подготовка, додала Паун Јарлах.

Инаку за потсетување просечниот личен доход во Македонија изнесува околу 250 евра, во Хрватска 700, Словенија 1.500, Србија околу 400, БиХ околу 350, а Црна Гора околу 600 евра. (Нетпрес)

 

post a comment