@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

петок, февруари 20, 2009

Героски е Демократски Позер

Член 319 од Кривичниот законик на Република Македонија
Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

(1) Тој којшто со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг начин ќе предизвика или ќе разгори национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(2) Тој којшто делото од став 1 го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.
Героски,се повикуваш на Орвел дека слободата всушност е да можеш да му го кажеш на луѓето она што не сакаат да го слушнат.Па почитуван пријателе ти не дозволуваш воопшто да ти го кажат она што не сакаш да го слушнеш,значи не си слободен воопшто далеку од тоа си ,односно си токму спротивното.Ти си новинарски диктатор и позер на твојот веб сајт.Досега Геро неколку пати си коментирал на мојот блог но никогаш не сум те избришал или цензурирал,можеш да провериш слободно во сите постови.Отвораш веб страна каде промовираш,слобода,демократија и кукате по европските придобивки но само позерски ,побрзо ќе ве примат во Мадам Тисо одколку во Европа бе Геро........Јас ти напишав повторно еден подолг коментар на твојот сајт како одговор на твоите ставови но ти повторно не си доволно слободен во твојот свет (веројатно си имате свој свет) за да имаш доблест за дебата ,не ги објавуваш моите коментари во кои нема ни трошка говор на омраза и навредување затоа што тоа не е мој стил пред се а и елементарната култура не го дозволува тоа.Ми беше муабетот за придавката "Македоноид" ,која ти и твоите пријатели успеавте да ја одомаќините на веб просторот.Со кое право навредуваш еден цел народ.Ние сме граѓани на Република Македонија,Ние сме Македонци,ние сме народ признат во светот ,тоа не е некоја бајка или виц за ти да можеш да се подбиваш.Во чие име зборуваш,објасни ми што треба да направат што тие се чувствуваат како потомци на Александар Македонски ете пример.Тоа е политичко убедување произлезено од филозофски или други причини.Политичкото убедување во Р.Македонија е со Устав загарантирано а аналогно на тоа вие повикувате кон омраза на една категорија на луѓе кои имаат апсолутно право да се чувствуваат како сакаат и да бидат потомци на кој сакаат.Тоа е внатрешно и интимно чувство.Вие се подбивате ,ги навредувате,ги вреѓате со погрдни зборови и користите говор на омраза кон Македонскиот народ воопшто што името на тој народ го гнасите со некои болни навредливи придавки,правите споредби по колумни што се македонци и што се Македоноиди,ги делите луѓето а од друга страна повикувате на единство.Какво лицемерие!Кога зборувам за македонскиот народ тука мислам на сите и албанските македонци како најголема етничка задница па се до најмалата етничка заедница со тоа што не нарекувате македоноиди и нас и нив.
Со кое право земате да одржувате судници низ македонија спакувани во обланда наречена "Движење за Европска Македонија" да му судите на една категорија на граѓани и да правите поделби "објаснувајќи" што се Македоноиди а што Македонци.Да повикувате на линч против луѓето што ете интимно веруваат во Антиката и античка Макеоднија во секоја смисла и да водите психолошка војна против нив.
Во Европа и САД како репер на демократијата сето ова што вие го правите,извитоперување на името на еден народ,омаловажување и зборување против интимните чувства на една категорија на луѓе има посебна категорија на кривично дело во Кривичниот Законик за која дебело се наплаќа со казна затвор.Има и кај нас (ВИДИ ПОДОЛУ) но вие мислите (К.Р ти е Двор ти е) ја сведувате демократијата на уличарско ниво ,либертаријански стил на демократија никој ништо не ви може.Од нормативен аспект,или формално правен како сакаш, ти и твоето Движење за Граѓанска македонија правите кривично дело во стек кое може да се квалификува на следниот начин во
Кривичниот законик на РМ:
Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост
Член 319
(1) Тој којшто со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг начин ќе предизвика или ќе разгори национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(2) Тој којшто делото од став 1 го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.
.
Никој не ве запира да дебатирате,да држите трибини,да промовирате идеи,но да го навредувате народот со кој заедно живеете,(и да навлегувате во тоа кој како се чувствува) на кој сте припадници и вие и вашите деца,мајки татковци,роднини, пријатели е крајно невоспитано пред се инфантилно и лицемерно.Прашајте ги прво дома вашите најблиски ,вашите деца,вашите родители,сопруги,пријатели пред да одите на трибините што се ,дали се македоноиди или Македонци па пишете на блогот да знаеме и ние останатите Македонци.

понеделник, февруари 16, 2009

Кој е Хунза во Македонија


Хунзите кои себе си се сметаат за потомци на Александар Македонски летото 2008 година за првпат дојдоа во својата прататковина. Без претензии во оваа пригода да разјаснуваме колку се тие Македонци и од кои војници на Александар влечат корени, она што е интересно е нивната употреба во изборната реторика и кампања. Деновиве кандидатот на ЛДП, Нано Ружин изјави дека со „Букефал и Хунза“ политика, Македонија не можела да ги оствари евроатлантските аспирации. Еден од перјаниците на оваа антимакедонска „дива хорда“ која мисли дека историјата на македонскиот народ е колку од времето кога тие биле во пелени, е токму претседателскиот кандидат на СДСМ, Љубомир Фрчкоски. Тој, очигледно е сосема неинтересен штом не плука со најдолни зборови и сулуда ароганција додека неконтролирано го исфрла јазикот надвор од устата, што потсетува на с’скање на змија. Во неговите изборни комични средби со сточарите или некакви женски организации ја открива сопствената сосема бледа и безначајна фигура.

Инаку, токму Љубомир Фрчкоски е единствениот што има право во Македонија да го понесе епитетот Хунза Први! Според негови блиски, токму тој бил главниот за воспоставувањето комуникација со Хунзите од Пакистан и како најзаслужен се изборил тој да присуствува на свечената вечера со Хунза гостите. Оттука, она што Фрчкоски крие (како змија нозе) кога раскажува „прикаски“ е неговата лична „прикаска“ за Хунзите. Имено, Фрчкоски всушност е единствениот кој, според тврдења на негови блиски, е заслужен за тоа што Хунзите стапнале во Македонија. Токму Фрчкоски го убедил својот пријател г. Владимир Ралев, кој имал контакти во Пакистан каде што во делот на Хималаите живеат Хунзите, на новинарката Марина Дојчиновска пред некоја година да и го организира патот до Хунзите од што беше направена едночасовна репортажа.

Минатото лето, кога претставниците на Хунзите беа во Македонија, финансиерот на нивниот престој, извесен домашен бизнисмен бил убедуван дека токму Фрчкоски е најзаслужниот за воспоставувањето врска со Хунзите, па така Фрчкоски се изборил да биде присутен на вечерата во чест на Хунзите.

Се разбира има подрастични примери од овој за врвната изопаченост на Фрчко Хунза Први кој може истовремено да има неколку различни ставови за само едно прашање, а да не зборуваме дека она што го кажал вчера не важи денес. Во оваа смисла овој первертит неодамна во својата колумна напиша дека „Политичката идеологија на изолација ја конструираа околу ребрендирањето на македонскиот идентитет, кон т.н. гордоста на античка Македонија и Македонци со примитивен притисок на слободите на граѓани и бесрамна пропаганда.” Изолационистичкиот Хунза - тим, продолжува Фрчкоски, (алудирајќи не само на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата туку и на сите Македонци кои сакаат да си ја знаат својата вистинска и цела историја), неминовно морал да се заокружи со претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов.

Ете до каде оди бедноста на еден испревртен ум како оној на Фрчимир Хунза Први. Да се „тепа“ да биде „почесен“ гостин на вечерата со Хунзите како најзаслужен за нивното доаѓање во Македонија, а од друга страна да обвинува други за ребрендирање на македонскиот идентитет.

Зарем треба уште да се кажува за другите „фрчиња“ како сејачи на магла. Токму генијалецот Фрчко, судејќи по сè, е автор на името Пак - и- стан, односно на „прикаската“ дека името на Пакистан настанало кога Александар Македонски на своите изморени војници им викал „пак- и- стан(и)”, а за што Фрчко го исмејуваше проф. Иванов во својата колумна.

За исмејувањето со македонскиот идентитет од страна на сите сдсмовски „фрчиња“ кои ги нарекуваат „македоноиди“ сите оние кои сакаат детално и продлабочено да ја извадат на површина поновата (античка), но и многу постарата македонска историја што досега упорно е криена, има кривичен закон според кој тие треба да одговараат за навреда на македонскиот народ.

Во секој случај подобро е некој да е дури и „македоноид“ отколку беспаметен „кретеноид“!
ИЗВОР:Нова Македонија

понеделник, февруари 09, 2009

КАЈМАКОТ ЦЕНЗУРИРА НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ СО АДМИНИСТРАТОРОТ ГЛИША




До администраторот на КАЈМАКОТ ,
И после ќе ги нарекувате граѓаните на оваа држава Македоноиди,излезете од дупките и борете се со аргументи а не да цензурирате.Тоа е за вас демократија значи,блокирате профили,блокирате IP адреси,бришете коментари.Дали сте свесни дека направивте неколку кривични дела,дали сте свесни дека тоа што го правите никој во светот не го прави губитници едни.За ова ќе ви биде поднесена кривична пријава за нарушување на приватноста па да видиме кој е поголем демократ кога ќе ве има на телевизија.Уште сега го гледам насловот ,момците од кајмакот се новата ФАБРИКА во Македонија.Треба малце да поштувате и закон пред да почнете со вашите недоквакани игри.И...кажете што ви наредија.......БРИШИИИИИИИИИ....ама нема да може дерлиња едни.Заговарате демократија,европа и цивилизациски придобивки.Кај ви се аргументите да се борите бе Глиша........? Или од мали ве учеле мама и тато ако некој игра подобро од вас да му ја земете играчката и да цмиздрите.Мене лично два кориснички профила ми избришавте и ми ја блокиравте IP адресата за да не можам да се регистрирам повторно.Да објаснам зошто два кориснички профила ..Затоа што прво си помислив грешка мора да е за првиот и ќе се регистрирам со нов, кога Глиша од КАЈМАКОТ ми го блокираше и тој само за да си ја исполни целта да наметне теми кои него му се подобни непочитувајќи право на слободна дискусија.За ова треба да бидат известени сите организации од каде што влечете пари,сите организации и ваши пријатели каде што се претставувате како демократи и Европјани.Испливавте на површина како едни површни и шупливи предмети.Мислите дека ќе замолчите некој,не.......... се лажете дебатата продолжува.
П.С Уште примери и на други корисници на кајмакот кои се цензурирани и се избришани

ФРЧКОСКИ ТВРДЕШЕ ДЕКА ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ



На 04.02.2005 година за А1 професорот Фрчкоски изјави
"Преговорите за името во Њујорк треба да се прекинат веднаш, но во исто време да се зголеми притисокот врз европските институции да го почитуваат правото да се нарекуваме како што сакаме."
Линк до Изјавата на А1.

На 19.02.2008 година на Канал 5 го ијави следното "Атрибутите како демократска, независна, самостојна, суверена кои го отсликуваат уставното уредување на земјава би биле прифатливи смета професорот Фрчковски, но не и префиксите горна, северна, нова кои го ограничуваат простирањето на македонскиот идентитет." Линк до изјавата за КАНАЛ 5.

недела, февруари 08, 2009

Ставот на Фрчкоски во 2006 година за Името



Пред фактите и боговите молчат,така не учеше нас професорот Фрчкоски на правен факултет.Но по се изгледа има направено мал прогрес или мала дигресија.Сега може да се види дека освен пред фактите тој молчи или зборува во зависност од тоа дали има некава шанса да се напика некако и да се добере до моќна позиција.Тогаш сакаше силно,цврсто и јако да и се напика на новата влада во Септември 2006 год. па професорот веднаш како камелеон се приспособи на новата ситуација во државата.Но бидејќи одлучија да не го играат тој веднаш со сите сили распали во контранапад.Во прилог е интегралната изјава на Фрчкоски во ВЕЧЕР каде јасно и недвосмислено кажува дека
ЗА ИМЕТО НЕМА МЕСТО ЗА КОМПРОМИС
.
Професоре кај ви е кичмата!!!!!!!

Аргументи против Манифестот на Геро и Милчин


Провидно многу пред избори,јас немам ништо против опозиционо дејствување но не вака провидно и подло спакувано како обланда ,демек прогресивно,револуционерно,и не знам уште што не.За жал македонските блогери и интелектуалци одамна ги читаат ваквите обиди за контрапропаганда.Aко сакаш политика излези јавно и изнеси ги твоите ставови а не вака спакувани фино,демек не ти е гајле али ај да промовираш кај што ќе стигнеш.Го загадивте интернет ,со вашите манифести и револуции.Треба да се засрамите од тоа што на еден низок и подол начин пропагирате контрапропаганда.Демократски е јавно да излезеш и да ги кажеш твоите политички ставови ,а не вака пред избори ќе објавувате манифести.Ако сакате дебата изјаснете се па да дебатираме , а не вака.... подмолно во интелектуална смисла...да ги доведувате во заблуда помладите читатели на интернет блоговите.Во манифестот има текст дека не сакате камери по болници.......дека не сакате казни за нарушување на јавниот ред и мир.Само за кратко..Во цела Европа не само болниците што се под видео надзор,туку и автопатите и сите плоштади и сите трговски центри и се што се смета за јавна или приватна површина односно простор.Значи да сумирам буквално се и тоа е направено за да се заштитат граѓаните и во нивен интерес,и никој за тоа не се буни и не крева востанија туку ако нема видео надзор самите граѓани го бараат затоа пто самите се чувствуваат побезбедни.За казните за нарушување на јавен ред и мир:
Во Европа во некои земји е забрането чистење по домовите со вшмукувачи на прашина или правосмукали да се изразам жаргонски.Во Калифорнија во Америка во некои општини го забранија пушењето во приватните станови.
Да поедноставам,ако живееш во зграда и имаш свој стан лично твој не под кирија ,општината има донесено одлука за забрана на пушење затоа што пушењето е сатанизирано и стигматизирано до таа мера се во интерес наздравјето на
граѓаните.Така да ве молам вие и вашите другарчиња немој да не третирате како малоумни како да не сме биле никаде надвор од државата
а само вие да сте биле.Сето тоа се почитува во Европа и Америка , сите тие според вас глупави правила,можеби и за мене се
глупави но во суштината на демократијата и културата и граѓанската свест е да се почитуваат како и обратно .Ако не му се допаѓаат на некого има механизми да се напаѓаат но не со пролетни револуции и со изместување на
фактите и тезите.Тоа го прават само оние што во недостаток на аргументи вреѓаат као што вие сега сите нас интелектуално не навредувате.
Во прилог имате линкови за едни од најинтересните закони во Австралија и Америка па повелете Геро,Милчин,Коља и останати одете во Австралија и унапредете ги и таму човековите права иако Австралија според сите стандарди и анкети се смета за една од најдемократските земји
Линкови:Во град во Калифорниja забрането пушењето во вашите домови


Во Австралија е воведена Забрана за чистење со правосмукалка од 10.00 часот навечер се до 07.00 наутро за време на работните денови и забрана од 10.00 навечер до 09.00 наутро за време на викенди,забрана за шегување и кажување вицови со бомби и терористи на сите Австралиски аеродроми од Јуни 2005 год.