@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

среда, април 29, 2009

ОДМАЗДА НА СВИЊИТЕ

среда, април 22, 2009

Како Владее Правото во Австралија


Маркус Ејнфилд, судија на Врховниот суд во Сиднеј Австралија е осуден на 3 години затвор поради давање на лажна изјава пред суд,лажно сведочење и обид за извртување на фактите со цел да стекне минимална имотна корист.Колку? 77$ Австралиски.Зошто?Не сакал да ја плати казната за брзо возење која изнесувала 77 долари.Неговото возило е регистрирано со безбедносни камери во 2006 година и е утврдено дека ја пречекорил брзината.Одкако не сакал да ја плати мандатната казна следува судска постапка каде што требало да докаже дека тој не ја возел колата затоа што тоа е единствениот начин да ја избегне казната за која само да се надоврзам ако ја плател следувале и 3 казнени поени во возачката дозвола.Изјавил дека колата ја возел некој негов пријател но,после детална истрага на Австралиската полиција се утврдило дека лаже односно дека тој негов пријател е одамна починат.Поради давање лажна изјава во судската постапка со умисла,лажно сведочење со умисла и извртување на фактите со умисла со доведување на судот во заблуда со цел да стекне минимална имотна корист ,судот во Сиднеј на 20 Март 2009 година му изрече казна затвор од три години со напомена ,ефективна казна затвор без право на помилување од 2 години.Тоа се две кривични дела кои постојат во кривичниот закон на Австралија и нема бегање,нема милост,нема политика,нема "врски".
Во прилог ја имате и пресудата каде се цитирани кривичните дела.Дел од Завршните зборови на обвинителството:Цитирам: "Жалосно е што еден поранешен судија на највисоката правна инстанца на државата Нов Јужен Велс мораше на еден ваков начин со казна затвор да го научи она што сите ние во Австралија го учиме уште од мали нозе а тоа е дека сите сме еднакви пред законот и никој не е повеќе или помалку еднаков од другите.Дотолку повеќе поради тоа што се работи за поранешен судија на Врховниот Суд во Сиднеј кој треба да биде пример за другите како треба да ги почитуваат законите во Австралија, нема простор за милост." затворен цитат.Извори:Судијата Маркус Ејнфилд доби три години затвор за казна за брзо возење.
На 20 Март 2009 год. пресудата за судијата Маркус Ејнфилд е изречена.Доби три години затвор.
Судија Маркус Ејнфилд

четврток, април 16, 2009

Грција е во Право?!

Во видеото ви давам една причина повеќе да не одите во Грција за Велигденските празници и да јадете ќотек.Мислам дека МНР е во право за внимателноста со која ги предупредува Македонските граѓани што ќе патуваат во Грција За Велигден а и за Летните одмори.Извор:TРН. П.С Ако продолжат вака агресивно со нацистички испади да се однесуваат кон нас и кон нашата држава не е чудно ако "утре" најават копнена инвазија на Македонија.Грција е "во право" ако им дозволиме да продолжат со вакви навреди,закани и клевети.

понеделник, април 06, 2009

Македонија Избра Претседател




Ѓорге Иванов е избран за нов претседател на Република Македонија.На вчерашните избори убедливо го победи против-кандидатот Љубомир Фрчкоски со огромна разлика во гласови.

четврток, април 02, 2009

РЕПРИНТ:ФРЧКОСКИ СО ТВРД СТАВ ДА НЕ СЕ МЕНУВА ИМЕТО


Професорот милува да си игра со панданот на "БАРБИ" куклата а тоа е "КЕН" и доста често го употребува како еден вид еуфемизам за некој кој што игра туѓи ора и тоа навиен со клуч од Грчки сефови.Всушност со овие ставови кој тврдо ги бранеше изминативе две години се покажа дека е најголемиот "Вербален Кен" во историјата на
"Барби и Кен" индустријата .
Во прилог репринт на изјавите и ставовите:
-Фрчкоски во "ВЕЧЕР" -"За името нема место за компромис. Проблемот околу името е што немаме што да дадеме, тоа ни е. Едно име имаме. "
-Фрчкоски за "А1" "европските институции да го почитуваат правото да се нарекуваме како што сакаме."
-Фрчкоски за "Канал 5" -"Атрибутите како демократска, независна, самостојна, суверена кои го отсликуваат уставното уредување на земјава би биле прифатливи смета професорот Фрчковски, но не и префиксите горна, северна, нова кои го ограничуваат простирањето на македонскиот идентитет."
Сега за Изборите во најновото интервју за Грчка Телевизија погледнете го ставот на Фрчкоски за името.МОЛК!!!!