@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

петок, февруари 20, 2009

Героски е Демократски Позер

Член 319 од Кривичниот законик на Република Македонија
Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

(1) Тој којшто со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг начин ќе предизвика или ќе разгори национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(2) Тој којшто делото од став 1 го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.
Героски,се повикуваш на Орвел дека слободата всушност е да можеш да му го кажеш на луѓето она што не сакаат да го слушнат.Па почитуван пријателе ти не дозволуваш воопшто да ти го кажат она што не сакаш да го слушнеш,значи не си слободен воопшто далеку од тоа си ,односно си токму спротивното.Ти си новинарски диктатор и позер на твојот веб сајт.Досега Геро неколку пати си коментирал на мојот блог но никогаш не сум те избришал или цензурирал,можеш да провериш слободно во сите постови.Отвораш веб страна каде промовираш,слобода,демократија и кукате по европските придобивки но само позерски ,побрзо ќе ве примат во Мадам Тисо одколку во Европа бе Геро........Јас ти напишав повторно еден подолг коментар на твојот сајт како одговор на твоите ставови но ти повторно не си доволно слободен во твојот свет (веројатно си имате свој свет) за да имаш доблест за дебата ,не ги објавуваш моите коментари во кои нема ни трошка говор на омраза и навредување затоа што тоа не е мој стил пред се а и елементарната култура не го дозволува тоа.Ми беше муабетот за придавката "Македоноид" ,која ти и твоите пријатели успеавте да ја одомаќините на веб просторот.Со кое право навредуваш еден цел народ.Ние сме граѓани на Република Македонија,Ние сме Македонци,ние сме народ признат во светот ,тоа не е некоја бајка или виц за ти да можеш да се подбиваш.Во чие име зборуваш,објасни ми што треба да направат што тие се чувствуваат како потомци на Александар Македонски ете пример.Тоа е политичко убедување произлезено од филозофски или други причини.Политичкото убедување во Р.Македонија е со Устав загарантирано а аналогно на тоа вие повикувате кон омраза на една категорија на луѓе кои имаат апсолутно право да се чувствуваат како сакаат и да бидат потомци на кој сакаат.Тоа е внатрешно и интимно чувство.Вие се подбивате ,ги навредувате,ги вреѓате со погрдни зборови и користите говор на омраза кон Македонскиот народ воопшто што името на тој народ го гнасите со некои болни навредливи придавки,правите споредби по колумни што се македонци и што се Македоноиди,ги делите луѓето а од друга страна повикувате на единство.Какво лицемерие!Кога зборувам за македонскиот народ тука мислам на сите и албанските македонци како најголема етничка задница па се до најмалата етничка заедница со тоа што не нарекувате македоноиди и нас и нив.
Со кое право земате да одржувате судници низ македонија спакувани во обланда наречена "Движење за Европска Македонија" да му судите на една категорија на граѓани и да правите поделби "објаснувајќи" што се Македоноиди а што Македонци.Да повикувате на линч против луѓето што ете интимно веруваат во Антиката и античка Макеоднија во секоја смисла и да водите психолошка војна против нив.
Во Европа и САД како репер на демократијата сето ова што вие го правите,извитоперување на името на еден народ,омаловажување и зборување против интимните чувства на една категорија на луѓе има посебна категорија на кривично дело во Кривичниот Законик за која дебело се наплаќа со казна затвор.Има и кај нас (ВИДИ ПОДОЛУ) но вие мислите (К.Р ти е Двор ти е) ја сведувате демократијата на уличарско ниво ,либертаријански стил на демократија никој ништо не ви може.Од нормативен аспект,или формално правен како сакаш, ти и твоето Движење за Граѓанска македонија правите кривично дело во стек кое може да се квалификува на следниот начин во
Кривичниот законик на РМ:
Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост
Член 319
(1) Тој којшто со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг начин ќе предизвика или ќе разгори национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(2) Тој којшто делото од став 1 го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.
.
Никој не ве запира да дебатирате,да држите трибини,да промовирате идеи,но да го навредувате народот со кој заедно живеете,(и да навлегувате во тоа кој како се чувствува) на кој сте припадници и вие и вашите деца,мајки татковци,роднини, пријатели е крајно невоспитано пред се инфантилно и лицемерно.Прашајте ги прво дома вашите најблиски ,вашите деца,вашите родители,сопруги,пријатели пред да одите на трибините што се ,дали се македоноиди или Македонци па пишете на блогот да знаеме и ние останатите Македонци.

Comments on "Героски е Демократски Позер"

 

Anonymous Анонимен said ... (8:38 попл., февруари 20, 2009) : 

Секоја чест за постот

 

Anonymous Анонимен said ... (10:33 попл., февруари 20, 2009) : 

Бре, бре, бре... Ме потресе, да не пукнеш. Те кривично дело, те сум бил позер, те диктатор.
Да ти кажам јас тебе нешто, вака искрено и сосема кратко. Мрдни си го задникот од компјутерот и оди поразговарај со луѓето, да видиш на кое дереџе е Македонија.
Па после треси глупости за Александар, смислувај диктатори и врши си ја својата „патриотска“ должност навредувајќи ме.
Облечи си црна качулка на главата и не ме гњави веќе на мојот блог. Еве, си имаш место за џавкање и терај си ја работата.
Поздрав, Героски

 

Anonymous Анонимен said ... (4:15 попл., јуни 08, 2009) : 

NA ONA KOPILEVO GEROSKI MU IMAM OBEKANO NA NEGOVIOT EBAN BLOG,DEKA VO BILO KOE VREME I NA BILO KOE MESTO AKO SLICAJNO GO SRETNAM NOSOT SO SIGURNOST KE MU GO SKRSAM,MAJMUN PRILEPSKI......

 

post a comment