Како Марли Го Промени Светот
Боб Марли беше безвременски човек,со мисија кој никој дотогаш не се осмели да ја започне во музиката.Во последните години од неговиот живот тој успеа да го популаризира регето-музика која некогаш порано звучеше непознато и туѓо за многу љубители на музиката.Тој ја опеа судбината на Јамајка со невидена автентичност за масовната публика. Потоа сакаше да зборува за светот надвор од границите на Јамајка,сакаше да зборува за вистината за другите луѓе,за тие што се во Европа и Англија. Тоа беше свет за кој неговата публика не знаеше доволно.Не доживеа да види дека сонот се оствари,но сепак нешто фасцинантно се случи одкако Боб Марли почина пред 25 години,можеби неговиот сон и има шанса.Марли не пееше за тоа како мирот може лесно да владее во светот,повеќе пееше за тоа како пеколот на земјата доаѓа премногу едноставно и допира до сите.Тој не пееше за едно дистанцирано сочувство,тој ги знаеше состојбите за кои пееше.Неговите песни беа негови сеќавања,живееше со експлоататорите и тие што ги експлоатираа,беше и застрелан од нив. Роберт Неста Марли е роден во едно мало село во Јамајка по име Девет Милји.Неговиот татко капетан Норвал Марли беше белец,надзорник на колониите што Британската влада ги имаше кога ја колонизира Јамајка во 1660г.Неговата мајка Цедела е млада црна жена по потекло од племето на Кромантите.Таа како црн слуга била сведок на најкрвавите преврати на островот.Капетан Норвал Марли ја заведува седумнаесетгодишната Цедела,ветувајќи и брак и спас од колонијата.Кога забременува ја напушта засекогаш. Подоцна таа ќе каже дека се плашела дека ќе го изгуби својот син поради тоа што е зачнат од бел човек.Мешаните бракови не само што не биле чести тие исто така и не биле добредојдени меѓу заедницата. Според пасошот на Боб Марли тој е роден на 6 Април но Цедела е сигурна дека е два месеци претходно.Наследството што го има Марли му даде една солидна перспектива.Иако искрено стана посветен во животот за каузата на црните луѓе,зборувајќи на целата дијаспора потсетувајќи дека тие се тие што се угнетувани колонизирани и оковувани во синџири, како резултат на трговијата со робови и империјализмот тој никогаш не изрази омраза и презир против белите луѓе.Неговата омраза беше насочена кон борбата за моќ и нејзините злоупотреби во однос на луѓето.Тој виде дека таа борба доведува до крвопролевање,но исто така и сфати дека ако човештвото не успее да се обедини нема да опстане воопшто. Во 1950 Цедела се преселува во Кингстон,поточно во предградието кое го формира британската влада за сиромашните луѓе,виртуелно сите црни. Предградието беше "Trench Town",а куќата што ја направиле со Марли е еден ред ефтина ламарина и еден ред картон,воглавно без вода и никакви санитарии.Тоа е едно од оние места каде соништата можат да те одгледаат и да те издигнат над сите или пак да те убијат.Марли и покрај екстремните услови за живот и сета жестина што ја наметнува гетото се обидува да му даде смисла на својот живот. Тоа го пронаоѓа во ексцентричната ритам и блуз сцена на Кингстон.Кон крајот на четириесетите младите од Јамајка почнува да ги фаќа треската од урбаната и популарна музика од Америка,поточно денс и блуз звуците од New Orleans.Веќе од 1960 Кингстон продуцира своја сопствена форма на R&B Луциден и интензивен ритам,скоро инверзија на Американскиот рок 'н рол и фанк.Оваа нова Јамајканска музика е резултат на тоа како црнечката музика преживеа и еволуира,музика која на маргинализираната популација и даде начин да ја каже вистината за нивните животи и начин со кој издвојуваја победа над секојдневната мизерија или барем најдоа замена.Јамајканската музика му служеше на народот за раскажување приказни и за моралните падови на секојдневието, најчесто со остри и безмилосни пораки.Затоа музиката што почна Марли да ја свири имаше темпо кое можеше да го носи товарот на така луцидни цели.Се вика СКА(Ритамот наликувал на гребење по табла) и како што рок 'н рол музиката во Америка во тоа време беше осудена на пропаст и деморализирана,исто така и политичарите и медиумите од Јамајка гледаат на СКА како на ѓубре.Опасна музика од гетото што го распламтува насилството меѓу бандите. Марли иако навидум ситен и слаб бил познат во Trench Town по неговата храброст и уживал почит,дури имал и уличен прекар:Tuff Gong. Тој остана надвор од криминалот во гетото само поради тоа што ја пронајде вистината и квалитетите во безмилосната искреност,храброста и грубата убавина со која беше опкружена заедницата во која живееше.Сразмерно на сето тоа тој не посакува да избега или да го напушти гетото,туку напротив тој сака да зборува за реалноста и во името на заедницата.Тој веќе ја има напишано песната за евтиниот морал "Judge Not" снимена со тогаш водечкиот продуцент на Кингстон,Лесли Конг и ја издава во 1963.Истата година Боб Марли ја формира и групата со неговиот другар од детството Невил Ливингстон(кој подоцна ќе стане познат како Bunny Wailer)и Питер Мекинтош.На групата подоцна и се придружува и Џо Хигс како вокал.Хигс претходно работи со Клемент Дод,доминантна фигура во продуцирањето музика во Кингстон.Дод е познат по то што крстарел по островот со неговото озвучување,еден вид ди-џеј говорница на тркала која ја поставувал по сали и пуштал Јамајкански СКА звуци.Марли и останатите од групата снимиле неколку песни со Дод во 1963 вклучувајќи ја и песната "Simmer Down". Песната е молба и обраќање до бандите во гетото да престанат со насилство пред да биде доцна.Постигнува инстантен резултат со добра причина.За прв пат му се обраќа глас од внатре во гетото,глас кој му даде тежина на нивните проблеми и кој покажа со прст на нивното постоење.Успехот што го постигнува песната има голем трансформирачки ефект, како на сцената така и кај Марли и кај останатите од групата,кој потоа ќе се наречат"The Wailing Wailers" за на крај да бидат само"THE Wailers"(името има цел да опише некој кој повикува одвнатре од самото гето-паталец и сведок-). Клемент Дод импресиониран од етиката со која Марли се посветува на музиката му организира проби со уште неколку групи од студиото,вклучувајќи ги и "Soulettes" женско трио во кое пееше и Рита Андерсон.Во 1966 се жени со Рита и пробува да ја пронајде среќата во Америка,но не за долго затоа што е запрепастен од околностите во кој се наоѓаат црните луѓе и работите кои му се достапни на пазарот на трудот.Додека Боб Марли е во Америка нешто значајно се случува во Јамајка,што ќе го трансформира неговиот живот и судбина: Живиот бог ја посетува неговата родна земја и чекори по неа.Тоа беше Хајле Селасие,владетелот на Етиопија кој го одбележа неговиот живот и животот на Јамајка.Важноста на Селасие за Јамајканскиот народ започнува уште во почетокот на 2о век со името на Маркус Гарви кој ги охрабри црните луѓе да посегнат по нивното Африканско наследство и да ја креираат сопствената судбина,одделно од онаа што им ја всади Американскиот и Европскиот Империјализам. Според раскажувањата во 1927 Гарви ги насочил своите следбеници во Африка да го побараат и крунисаат црниот крал,затоа што месијата е на повидок.Пророштвото на Гарви се остварува во 1930 кога младиот човек по име Рас Тафари го презеде тронот на Етиопија.Хајле Селасие беше живиот бог,праведниот на земјата и искрата надеж за најнапатената од сите црна дијаспора. Во Јамајка како последица на ова се оформува култот на Растафаријанизам. Растафаријанизмот понатаму се развива како мистична јудео-христијанска вера со визија на африка,поточно Етиопија како вистински Зион.Растафаријанците никогаш немале дефинирана доктрина,нивните верувања се повеќе збир на народни мудрости и погледи на светот.Едно од нивните верувања е дека Марихуаната која тие ја викаат Ganja е света тревка која може да ги доведе нејзините корисници до подлабоко себеспознавање.Уште поважно од ова е што Растите имаат Апокалиптичка визија.Тие го гледаат западното општество како модерно кралство на Вавилон,корумпирано и изградено врз страдањата на другите луѓе.Според нивните верувања Вавилон мора да падне иако тие самите никогаш нема да кренат рака за да сторат нешто: На насилството бог има исклучиво право.Според легендата додека не падне Вавилон тие нема да ја стрижат косата,ја растат и ја виткаат во Расти.Растафаријанците живеат мирољубив живот и одбиваат да живеат во системот на Вавилон,како политичкиот така и економскиот.Јамајканското општество верува дека постои доза отпадништво и револт во Растите и затоа со децении се третитани како најпрезираната популација на островот.Во 1966 Хајле Селасие ја има првата официјална посета на Јамајка.На аеродромот во Кингстон е пречекан од 100 000 луѓе.Рита Марли е на улиците на Кингстон кога Селасие се движи со колоната луѓе.Во еден момент кога одминува покрај неа таа верува дека го видела знакот на СТИГМАТА на неговата рака,симболот дека бог пристигна на земјата.После ова таа се приклучува на Растафаријанизмот и неговиот систем на верувања.Во годините што следат после посетата на Селасие,Боб Марли не само што созрева со Растафаријанизмот,туку почнува и да го живее. За возврат неговата верба ќе му помогне да пронајде поголема длабочина во неговата музика.Растафаријанизмот,посебно неговите верувања восоцијална правда и неговите критики на западните вредности,нивниот економски,политички и општествен систем споредувајќиго со модерен Вавилон ќе ја одигра главната улога во подемот на Боб Марли кон неговиот сон и можноста да го сподели со светот во кој живееше. |
Comments on "Како Марли Го Промени Светот"
Супер е сеа. Џам. Уште да ги порамнуваш текстчињата на ||| (на вакви исти цртички ама хоризонтално наместени) и ќе биде уште подобро :)
Коментаров го отстрани администратор на блог.
Незнаеф дека по татко бил Англичанец.. па како да ги мразел белите, па како правниче ко пола бил бел односно мелез... и не си се запрашал дали можеби во моментите кога им ослабна силата на одредени “бели“ центри на моќ, дозволија да се појави еден музички предводник ко Боб Марли? Се со цели нели, да го канализираат незадоволството, скептицизмот и револтот тогаш, откако се ослободија од колонијализмот (па настапи нео-колонијализмот) Пошто и до ден денес истата Јамајка не е во некоја подобра положба... Само шо ете Марли го нема, а и тешко дека во догледно време некој во тој поглед и ќе го замени...
Можи навистина има причина и последица во сето тоа но сепак,според музиката шо ја напиша и отпеа тој навистина имал визија за како треба да изгледа планетава наша