@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

среда, април 22, 2009

Како Владее Правото во Австралија


Маркус Ејнфилд, судија на Врховниот суд во Сиднеј Австралија е осуден на 3 години затвор поради давање на лажна изјава пред суд,лажно сведочење и обид за извртување на фактите со цел да стекне минимална имотна корист.Колку? 77$ Австралиски.Зошто?Не сакал да ја плати казната за брзо возење која изнесувала 77 долари.Неговото возило е регистрирано со безбедносни камери во 2006 година и е утврдено дека ја пречекорил брзината.Одкако не сакал да ја плати мандатната казна следува судска постапка каде што требало да докаже дека тој не ја возел колата затоа што тоа е единствениот начин да ја избегне казната за која само да се надоврзам ако ја плател следувале и 3 казнени поени во возачката дозвола.Изјавил дека колата ја возел некој негов пријател но,после детална истрага на Австралиската полиција се утврдило дека лаже односно дека тој негов пријател е одамна починат.Поради давање лажна изјава во судската постапка со умисла,лажно сведочење со умисла и извртување на фактите со умисла со доведување на судот во заблуда со цел да стекне минимална имотна корист ,судот во Сиднеј на 20 Март 2009 година му изрече казна затвор од три години со напомена ,ефективна казна затвор без право на помилување од 2 години.Тоа се две кривични дела кои постојат во кривичниот закон на Австралија и нема бегање,нема милост,нема политика,нема "врски".
Во прилог ја имате и пресудата каде се цитирани кривичните дела.Дел од Завршните зборови на обвинителството:Цитирам: "Жалосно е што еден поранешен судија на највисоката правна инстанца на државата Нов Јужен Велс мораше на еден ваков начин со казна затвор да го научи она што сите ние во Австралија го учиме уште од мали нозе а тоа е дека сите сме еднакви пред законот и никој не е повеќе или помалку еднаков од другите.Дотолку повеќе поради тоа што се работи за поранешен судија на Врховниот Суд во Сиднеј кој треба да биде пример за другите како треба да ги почитуваат законите во Австралија, нема простор за милост." затворен цитат.Извори:Судијата Маркус Ејнфилд доби три години затвор за казна за брзо возење.
На 20 Март 2009 год. пресудата за судијата Маркус Ејнфилд е изречена.Доби три години затвор.
Судија Маркус Ејнфилд

Comments on "Како Владее Правото во Австралија"

 

post a comment