Пиратска Партија се сели во Брисел
Пиратската партија е политичка партија од Шведска која доживеa голема медиумска промоција после пресудата со која основачите на Pirate Bay беа осудени на казни затвор и плаќање големи оштетни побарувања на некои од најголемите филмски и музички продукциски куќи поради хостирање на нивната Веб страна со која што овозможуваат следење и индексирање на Bit Тorrent фајловите .Нејзината главна политичка платформа е апсолутна либерализација на авторските права и правата врз патентите како и зајакнување на приватноста на Интернет и подобрување на транспарентноста на работењето на државната администрација. Пиратската партија е трета најголема политичка партија во Шведска во поглед на членството односно прва со членството кога е во прашање нејзиниот подмладок-"Млади Пирати". На вчерашните избори за Европскиот парламент пиратската партија освои 7.1 процент од вкупните гласови и доби едно место од вкупно 18 -те места кој ги освои Шведска во европскиот парламент. |
Comments on "Пиратска Партија се сели во Брисел"