@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

петок, јуни 24, 2005

М а Н и Т у

zagor
Во 1960 година се среќаваат младиот сценарист Серџо Бонели и Галиано Фери,млад и перспективен цртач на стрипови.Многу брзо се развива големо пријателство кое подоцна ќе премине во деловна соработка од која во 1961 година се раѓа ликот на Загор(всушност се работи за скратеница од За-Гор Те-Неј,што на дијалектот на Англокините значи Дух со Секира.Но сепак се претпоставува дека Серџо Бонели го зел слогот ЗА од ЗА-Ла Морт,популарен јунак на италијанскиот нем филм,додека за слогот ГОР се претпоставува дека доаѓа од Гордон.Првото име што Серџо го одбрал за својот јунак било Ајакс по познатиот херој од грчките митови,но се откажал кога видел дека постои детергент со истото име.Инспирирани од стрип јунаците (Супермен,Тарзан)двајцата создаваат лик со атлетски изглед,големи физички предиспозиции и интересна препознатлива облека.Временскиот период во кој се одвиваат авантурите на Загор е првата половина на 19 бек,поточно перидот измеѓу 1820 и 1840 година на подрачјето на Северна Америка.Светот кој го создаваат за Загор е неговото кралство Дарквуд,измислена шума сместена во близина на големите езера и Канада.Загор живее во колиба во мочуриштето на Дарквуд,опкружено со жив песок кој ги држи на дистанца многу неповикани гости!Дарквуд освен мочуриште претставува и големо подрачје по кое крстарат многу индијански племиња како и војнички логори,траперски колиби и помали гратчиња во кој живеат претежно белци.Помеѓу сите нив се наоѓа Загор кој се труди да воспостави рамнотежа и разбирање,меѓу бројните невољи што ги следат јунаците на овој стрип.Неретко авантуристичкиот дух на Загор тргнува на далечни патувања оставајќи го Дарквуд зад себе,најчесто за да им помогне на пријателите.
Загор е класичен херој,човек кој мрази неправда и кој својот живот го посветува во борбата против криминалците и одбрана на послабите од нив.
Неговото вистинско име е Patrick Wilding.
Уште како дете преживува страшна несреќа во која ги губи своите родители.Загор се спасува благодарејќи на неговиот татко кој го фрла во реката од која го извлекува Wanderin Fitzy,симпатичен скитник и философ кој ја напиштил цивилизацијата за да живее во мир и тишина во природата.Тој го подучува Загор на многу вештини.Всушност под негово менторство Загор ја совладува вештината на ракување со секира до совршенство.Во една пресметка Загор го убива Саломон Кински,убиецот на неговиот татко,кој пред смртта му ја открива вистината за татко му,но тогаш го губи и својот ментор.После тоа младиот Patrick Wilding се заколнува дека до крајот на животот ќе се бори против неправдата, а случајната средба со патувачкиот театар резултира и со создавање на неговата култна облека(црвена мајца со жолт круг во кој е ликот на орел со раширени крилја,кој значи дека Загор е пратен од големиот Маниту) и новото име.
Како и секој суперхерој така и Загор има свој верен помошник и сопатник во безбројните авантури.
Дон Чико Фелипе Гаетано Лопез Мартинез или накратко Чико.Чико е симпатичен,секогаш гладен и несреќен мексиканец,комбинција на Санчо Панса и неговиот комичен лик,кој секогаш запаѓа во неволји надмудрубајќи се со сомнтелните бармени покушубајќи да добие уште една порција на вересија.zagor
Како и Загор и Чико има индијанско име-Малиот човек со голем стомак.Освен Чико Загор има уште ногу други пријатели,како што е Тонка поглавицата на Мохавите и Загоров брат по крв.Тој ги знае сите тајни и трикови со кој се користи Духот со Секира за да би го одржал мирот во Дарквуд.Digging Bill, смешен трагач по злато,чија голема желба да пронајде злато ќе ги вовлекува Загор и Чико во потполно непланирани авантури.
Капетан Fishleg, прекален морски волк кој со својата верна бродска посада и својот брод Golden baby плови преку многу мориња. Many eyes е комичен индијански врач кој името го добил поради наочарите што ги носи поради слабиот вид,како што вели ги прифатил наочарите како одличен изум на белците.
Doc Lester, претставник на траперите и голем пријател на Загор кој прекарот Doc го носи со причина,додека живеел во цивилизација бил забар.
Освен бројните пријатели ,тука се и бројните непријатели,меѓу кои најмногу се истакнува Хелинген,најголемиот непријател на Загор.Овој изопачен луд гениј со изумите пред неговото време,изгради голем број на ракети,оствари контакт со вонземјани и ја победи смртта.
Барон Ракоси,вампир со кој Загор се сретнува неколку пати.
Кандракс,келтски друид со магична моќ.zagor
До 1980 главен сценарист на овој стрип е Бонели кој го користеше псевдонимот Guido Nolitta, за после тоа работата да ја превземат Marcello Toninelli и Ade Capone,и на крајот главни сценаристи се Mauro Boselli i Moreno Burattini.Епизоди за Загор имаат пишувано и многу други италијански сценаристи како што се Alfredo Castelli, Tiziano Sclavi, Gianluigi Bonelli и многу други.....
Важен дел од тимот на Загор и еден од главните фактори за успехот на стрипот се одличните цртачи,меѓу кои се наоѓа и Gallieno Ferri, по многумина најдобриот цртач на Загор,потоа старите мајстори,Frank Donatelli и Franco Bignotti и новиот бран на автори Carlo Raffaele Marcello, Mauro Laurenti, Raffaele Della Monica, Alessandro Chiarolla, Marco Torricelli, Gaetano Cassaro, Stefano Andreucci, Massimo Pesce , Maurizio Dotti и многу други.Интересно е да се спомене дека ликот на Загор е адаптиран за филм уште во 1970.Филмот го сними турскиот режисер Mehmet Aslan,а главната улога му е доделена на Cihangir Gaffari.Успехот што следи доведува до уште еден филм во 1971,овојпат режисерската палка ја има Nisan Hanceryan а духот со секира го игра Levent Cakir.Ако сакате да видите како изгледаше постерот од филмот и интерпретацијата од турските актери,фотографиите се тука.
Загор веќе излегува 45 години и се чини дека под водство на Boselli и Burattini ќе доживее уште многу повеќе.
Авантурата продолжува.

Comments on "М а Н и Т у"

 

М а Н и Т у'">post a comment