@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

недела, октомври 16, 2005

Суд=Држава


Борбата за постепена демократизација,како тренд на модерните општества и аналогно на тоа заложбата за признавање и заштитата на човековите права, е невозможна без самостојно и независно судство.Во заднината на идејата за владеење на правото стои идејата на независното судство,судство како последниот бастион за последна заштита на правата и слободата на граѓанинот,кое во извршувањето на својата функција единствено е сврзано со законот.
Основната задача на судот би можела да се дефинира како решавање на конкретни спорови врз основа на однапред утврдени правни норми или пошироко како афирмација на правната држава,контрола на законитоста на правните ситуации,осигурување и единство во примената на правото.
Друго е прашањето за кои субјективни права на граѓанинот ќе му биде дозволена судска заштита и најчесто зависи од прераспределбата на обемот на правата за кои тој има право да побара судска заштита.Досегашното наше искуство во нашата држава укажува дека граѓанинот најмногу ја доживува државата тогаш кога ќе побара судска заштита односно ја поистоветува со судот.Ако судот се доживува како контакт со државата тогаш како се доживува примената на законот посебно кај оние граѓани кои го изгубиле спорот .Што ако според мнозинството од граѓаните законот не е добар а судот токму врз него треба да донесе одлука ?
Што ако прописот е крут,нејасен и контрадикторен сам на себе?
Државата преку своите органи пред се законодавното тело-Парламентот треба да донесува закони и други законски прописи кои ќе бидат подготвени од стручни и други лица,носењето на ad hoc закони за потоа веднаш да бидат укинати со ништо нема да ја зацврснат вербата во судството.Правдата согледана низ судското пресудување произлегува од законот и токму поради тоа судот треба да ги штити правата на граѓаните и да го промовира начелото на еднаквост пред законот.

Comments on "Суд=Држава"

 

Blogger .аНТИ said ... (1:06 попл., октомври 27, 2005) : 

Малку си конфузен, ама еве некои мои согледувања.

Прво, законот не е одразна она што го мисли и сака народот. Затоа што законите не ги донесува народот туку парламентот, а како што знаеме парламентот ретко кога игра по музиката на народот.

Второ, секој што барем малку знае за судската практика, знае дека судот не ја спроведува правдата, туку го спроведува законот - а законот според погоре кажаното често знае а биде многу неправеден.

Затоа, оправдано е да се каже дека судот ја чува правдата од народот, а не правдата за народот.

 

Blogger Будна Правда said ... (12:40 претпл., октомври 28, 2005) : 

не сум конфузен воопшто а еве и зошто. Никаде не спомнав дека народот ги носи законите "Државата преку своите органи пред се законодавното тело-Парламентот треба да донесува закони и други законски прописи кои ќе бидат подготвени од стручни и други лица."
Второ:За да барем малку знаеш од судска практика треба да си или правник или редовен муштерија во судот..Што со тие што со таа практика се запознаваат преку медиумите.Мене ме интересира колку државата непосредно се доживува преку судот а законот не го спроведува судот туку го штити и суди врз основа на истиот

 

Суд=Држава'">post a comment