Вредности на Сиситемот
Определбата на нашата земја да се приклучи кон Европската Унија е една од најзначајните во нејзиното постоење ,можеме слободно да кажеме дека значењето е историско.Зачленувањето во една таква организација нам ни е повеќе од потребно,пред се се работи за една стандардизација на условите за живеење и на начинот како тоа да го постигнеме.Нас ни треба живот а не преживување.Сегашното се сведува само на задоволување на основните физиолошки потреби,толку и ништо повеќе. Системот на вредности е она нам што ни треба и ни фали последниве 15 години, и тоа не било кој систем на вредности туку оние најобичните. Се она што во светот се нарекува животен стандард кој е верифициран како еден постојан систем на вредности и правила тука не постои, тука не важи и се практикува како исклучок и дебело се наплаќа.Вредностите се тие што не водат правилно во борбата за живот. Во Македонија демократијата се сведува на премногу екстензивно сфаќање и дискрециони толкувања на поимот,некако сите се расфрлаат со демократија но никој не отворил Вујаклија да види што е тоа,дали е дивеење на институции,јавни и приватни, на директори и директорчина,некомпетентни професори или е пак нешто друго.Денеска ние имаме префинети потреби во овај дигитален свет, не сме изолирани суштества колку и некој да го форсира тоа. Стремежот кон утилитаризам би ни обезбедил светла иднина ,во животот треба да не води умот и треба да имаме мудра самооцена. |
Comments on "Вредности на Сиситемот"