@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

сабота, февруари 11, 2006

Електронски Договор



Бидејќи доста често како корисници на разни програми и интернет апликации се среќаваме со потпишување односно прифаќање на условите кои се запишани во електронските договори, самиот клик на accept дугмето за нас создава облигационен однос.Повеќето од нас не ги читаат условите или клаузулите со кои се определува начинот на користење на софтверот или електронската услуга.Javacool software нуди бесплатна програма со име EULAlyzer,кој во рок од неколку секунди го анализира договорот за лиценцирање и користење и ви овозможува детална листа на зборови и фрази на кои треба да обрнете внимание пред да го ставите вашиот е-потпис.Софтверот исто така може да ве предупреди на тоа дали некоја програма или online апликација прикажува Pop-up реклами, пренесува ваши лични податоци, или користи единствени идентификатори за да може да го следи вашето движење низ сајбер просторот.
Софтверот може слободно да го превземетe
ТУКА

Comments on "Електронски Договор"

 

Електронски Договор'">post a comment