@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

вторник, декември 20, 2005

ИПА- Нов Финансиски Инструмент на ЕУ


На 29 Септември 2004 Европската Комисија донесе заклучок за дизајнирање на нов “Финансиски Инструмент за Надворешна Помош”- кој би влегол во планот на буџетот за ЕУ 2007-2013 кој беше донесен на последниот самит на Советот на ЕУ на 16.12.2005 на кој нашата земја го доби долгоочекуваниот статус на Кандидат за ЕУ.
Со овој за клучок е одлучено Финасиските перспективи и помошта која му следува на земјите кандидати да биде спроведена со финасискиот инструмент- ИПА (Instrument for Pre Accession Assistance ) или
“ИНСТРУМЕНТ ЗА ПОМОШ ПРЕД ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО” кој ќе ги замени досегашните ФАРЕ, ИСПА, САПАРД И КАРДС.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ на ИПА
ИПА ќе биде инструмент кој ќе се грижи сите приоритети и обврски кои произлегуваат од кандидатскиот статус на земјите аспиранти да се извршат и обезбедат попрецизно и побрзо.
Во линија на целта на Европската Комисија да ја поедностави и координира испораката на надворешна помош,крајната намера кога се дизајнираше овај финансиски инструмент беше да ги унифицираат сите инструменти во една рамка и да се обединат земјите кандидати и потенцијалните кандидати во една рамка каде однапред ќе биде подвлечено со посебни анекси, кој ќе бидат ограничувањата на ресурсите во зависност од статусот кој го има земјата.
ИПА се состои од пет компоненти
Транзициска помош и јакнење и изградба на институциите
Регионална и Меѓународна соработка
Регионален развој
Развој на Човечките Ресурси
Рурален развој
Од набројаните пет компоненти првите три се однесуваат и на потенцијалните кандидати и земјите кандидати а последните два се однесуваат само на земјите кандидати.
Во прилог на ова е линкот каде може да го превземете интегралниот текст од заклучокот на Европската Комисија за воспоставување на ИПА

Comments on "ИПА- Нов Финансиски Инструмент на ЕУ"

 

Blogger Б.Ц. said ... (10:27 претпл., декември 22, 2005) : 

Размена на линкови?

 

Blogger Будна Правда said ... (1:42 попл., декември 22, 2005) : 

ајде само повели

 

Anonymous Анонимен said ... (2:05 попл., декември 25, 2005) : 

Jas te staviv kaj mene

 

Blogger Будна Правда said ... (8:50 претпл., декември 26, 2005) : 

ајде да се линкамееее тралала ла ааааа

 

ИПА- Нов Финансиски Инструмент на ЕУ'">post a comment