Европската Правда
Ниту меѓународното право, ниту етиката, не & дава за право на некоја организација или на друг субјект во рамките на меѓународната заедница да одлучува за идентитетот и потеклото на една нација Со Уредбата на Советот на Европа од 2 март 2004 година им се препорачува на членките на Советот на Европа, на Европскиот парламент, на европските локални и регионални власти, на Европскиот суд за човекови права и на независните набљудувачки механизми, следното: Земјава да се нарекува "Бивша Југословенска Република Македонија", каде што наводниците се составен дел од името; Придавката или националноста да се додадат на името "Бивша Југословенска Република Македонија", . Пр., "Влада на Бившата Југословенска Република Македонија""Полиција на Бившата Југословенска Република Македонија" , "граѓанин на Бившата Југословенска Република Македонија" ; Придавката што се однесува на културата да биде македонска (словенска). Пр., македонска (словенска) традиција, македонска (словенска) култура, македонска (словенска) организација, македонско (словенско) школо; Јазикот - македонски (словенски); За лицата или групите кои припаѓаат на малцинството или кои зборуваат јазик на малцинството надвор од земјата -Македонец/и, придружено со фуснота на која се појаснува дека тоа е "терминологија на самоидентификација на лицето што го употребува тоа име". |
Comments on "Европската Правда"