@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

четврток, јануари 26, 2006

КОМУНИЗАМ



Комунизмот е хипотетички општествен поредок во кој нема класи и консеквентно на тоа нема држава како орган на владеење.Така поставено општество ќе има многу малку од “таканаречените” јавни авторитети на владата и сето она што останува како корисно за општеството ќе биде “ултрадемократско” и ќе се потпира на интернет референдуми (Директна Демократија).Овие јавни авторитети исклучително ќе бидат насочени кон координација на производството и дистрибуција на добра и услуги и голем број од одлуките што ќе ги носат ќе бидат повеќе сугестивни одколку компулсивни.Формално нема да постојат држави како уредување на една географска област,туку ќе постојат само како географски дестинации.
Нема да има производство на луксузи и комодитети-стоки и услуги произведени за продажба,наместо сето ова стоките и услугите ќе се произведуваат за употреба на самите произведувачи или слободно и бесплатно ќе се делат на оние кои можат добро да ги искористат.
Парите ќе бидат исфрлени од употреба и луѓето ќе имаат слобода да гравитираат од едно на друго работно место во зависност од тоа која работа најмногу ги исполнува.Работата која никој нема да сака да ја работи која е толку “лоша” или ќе биде целосно автоматизирана или споделена со другите на оној класичен и старомоден начин со колективна одговорност за никој да не мора да биде оптеретен со така “тешка” работа.
Социјалниот живот на комунистичкото општество ќе биде извонредно "слободен".Многу малце од табуата а уште помалце од механизмите на регулација што моментално постојат ќе преживеат.Религијата ако преживее воопшто ќе биде сведена на хоби,без моќта да влијае на луѓето и нивните животи на некој значаен начин.Ќе биде "престиж" во комунистичкото општество да бидеш компетентен и поштен,највисоките заслуги ќе одат кај оние кој ќе демонстрираат способност да демонстрираат "полезна" работа која ќе стимулира многумина.Најголемиот злостор кој ќе биде регистриран е обидот да се “најми” работна сила за единствената цел на произведување комоција и луксуз.Ова ќе биде казнето на истиот начин како што сега се казнуваат обидите за трговија со луѓето.Ќе се осуди како еден преседан и најгрозен хорор, во обид да се врати "стариот", "одвратен" и "нехуман" социјалeн поредок наречен капитализам.



Comments on "КОМУНИЗАМ"

 

КОМУНИЗАМ'">post a comment