@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

петок, јануари 13, 2006

Сурова,сурова Василица


Православните Македонци вечерва ќе ја прослават Новата година според јулијанскиот календар, популарно наречена Стара нова година - Василица. Во многу краишта на овој ден се изведуваат разни обичаи, меѓу кои и месење обредно лепче со паричка. Се верува дека тој што ќе му се падне паричката ќе има среќа во претстојната година.
- На Василица се празнуваат три празници, Свети Василиј Велики, Обрезание на Господ Исус Христос и православна Нова година. Обичајот со месењето лепче со паричка е поврзан со чудото што се случило со свети Василиј. Тој бил познат по давање милостина и секогаш им помагал на болните и на сиромашните. Еден ден кај него дошле луѓе што му барале пари. Тој во моментот немал, но во меѓувреме нашол некој богат човек и тој му дал пари, кои потоа им ги дал на сиромашните. По некое време свети Василиј сакал да му ги врати парите, но бидејќи не го познавал човекот, решил да стави паричка во месен леб и на богослужбата, кога ја делеле нафората, се помолил на тој човек да му се врати парата. И така се случило. Оттогаш, христијаните почнале да го практикуваат тој обичај, со цел паричката да симболизира среќа и богатство во текот на целата година.
Според обичаите, василичарите наутро одат по куќите и собираат месо, леб и жито и носат прачка дрво. Со прачката, која е симбол на цврстината и здравјето, ги удираат децата и болните и пеат: "Сурова, сурова Василица". Во некои краишта собраната храна се продавала и со парите се граделе цркви и помошни црковни простории.
Извор: “Дневник”

Comments on "Сурова,сурова Василица"

 

Сурова,сурова Василица'">post a comment