Помош
Може да дојде ден кога животните можат да ги побараат правата кој и никогаш не им биле одземени освен од раката на тираните. Џереми Бентам Животот е живот дали постои во куче ,во мачка или во човек.Нема разлика помеѓу мачка или човек.Идејата за разликата е човечката концепција за негова лична предност. Сри Ауробиндо Ненасилство води кон највисока етика,која е целта на сета еволуција.Се додека не престанеме да ги повредуваме сите други живи суштества се уште сме дивјаци Томас Едисон Ќе дојде време кога луѓето како мене ќе гледаат на убивањето на животните како што сега гледаат на убивањето на луѓето. Леонардо Да Винчи Големината на една нација и на нејзиниот морален прогрес може да биде вреднувана по начинот на кој се третираат животните. Махатма Ганди Човечкото сочувство со сите суштества е првото нешто што навистина го прави човек. Алберт Швајцер Се додека луѓето ги масакрираат животните тие ќе се убиваат меѓусебно.Всушност тој кој посадил семе на убиството и болката, тој не може да ожнее радост и љубов. Питагора Нашата задача мора да биде да се ослободиме себеси.... Со проширување на нашиот круг на сочувство да ги воздигнуваме сите живи суштества и целата природа и нејзината убавина Алберт Ајнштајн |
Comments on "Помош"
Ако тргнеш по оваа логика ќе треба да отидеме и во природата да делиме правда. Суд за животни - еден лав со едно 2000 тужби за напад со умисла врз антилопи, зебри, жирафи.. тигарот за напад и убиство на 400 зебри и 2 хиени...
пак ти викам преиспитај се мешаш поими. Со човечки мерила мериш за природата.
не мешам поими сакам само да потенцирам само дека сите суштества што имаат централен нервен систем,чувствуваат глад,жед,страв ,пријателство,непријателство заслужуваат да живеат и заслужуваат да бидат прашани дали сакаат да умрат.Потеклото на правата на животните не е толку дискутабилно како што ти сакаш да наметнеш туку постои самото по себе без потреба да го докажуваш.
Има еден цитат од Otto von Bismarck кој има мошне далечна поврзаност со оваа тема. Тој вели: „Никој не сака да знае како се прават законите и колбасите“. Како што реков ... мошне далечна поврзаност
Волкот: Дали ти овчичке, би сакала да живееш?
Овцата: Ее... Па кој не сака да живее чичко волк...
Волкот: Еее па овчичке, читнав денес на некојси блог за правдата, дека "сите суштества што имаат централен нервен систем,чувствуваат глад,жед,страв ,пријателство,непријателство заслужуваат да живеат и заслужуваат да бидат прашани дали сакаат да умрат"... Па затоа те прашувам, да си знам, за сигурно... А не дека ќе смени нешто...
(Волкот и се нафрла на овцата, ја кини на парчиња, ја јади, и оди да се одмара се до новата жртва...)
(Завесата се спушта)
ние го гледаме и слушаме то шо сакаме да го видиме и слушниме.
А аргументите од типот на Анти се само демагогија.