Периодот помеѓу 1945 и 1970 година може да се види како прва фаза во еволуцијата на врската помеѓу правото и компјутерската технологија.Првото пишување за компјутерот и правото како наслов се случува во 1960 година каде предмет на расправата е легалната свест на компјутерите.Компјутерот порасна од сметачка машина до стадиум каде било која информација,било кој звук или слика ,текст или графика може да биде трансформирана во дигитален формат.Развојот на технологијата на компресирање на податоците во различен формат од МР3 до ДVX овозможи брз трансфер на податоците кој им создава главоболки на сопствениците на авторски права и придвижеи голем број расправи и полемики околу промена на законите за ИТ.Се доби впечаток дека како што се придвижува развојот на ИКТ треба паралелно да се развива и диференцира и правниот режим . Првиот компјутерски статут е донесен во 1970 година во Германија во следната форма: Акт за заштита на Податоци.Овој акт е донесен со единствена цел да одговори на загриженоста на јавноста околу употребата на компјутерите за чување на огромниот број на податоци. Денеска во 2006 година во дигиталната ера таквите грижи се уште поголеми и концептот на заштита на личните податоци е еден од најважните законски решенија како одговор на компјутерската револуција.Компјутерскиот криминал како кршење на законот за првпат се јавува во раните 80’ години во Америка каде владата го превзеде и првиот чекор со санкционрање на компјутерскиот криминал со донесување на Акт за Компјутерска Измама и Злоупотреба во 1984 година.Денеска сите подзаконски акти,решенија и правилници се донесени како надградба на овој со цел да се направи една цврста подлога на регулаторни режими за Е-Трговијата и за односите помеѓу индивидуалците и корпорациите .Изненадувачки е фактот што најголемиот број на иницијативите во сферата на ИТ правото се покренати од меѓународните организации.Компјутерските акти кои се донесоа под капата на актот од 1985 година за заштита на Авторските права на Компјутерскиот софтвер ,со кој компјутерската програма се класифицираше како литерарно дело и се подведе по истиот режим, можеби е и дискутабилно затоа што се доби впечаток дека легислативата се обиде да залепи фластер на рана на која и треба порадикална хируршка интервенција.Како што индустриската револуција се приспособи на тогашната легислатива така и правните системи треба да се приспособат и фокусираат на правото на сопственост и да одговори на потребите на информатичкото општество. Сајберпростор првпат е спомнат во романот на Вилијам Гибсон “Nekromancer” во 1984 година каде се алудира на виртуелна локација каде се превземени електронски активности.Бидејќи тоа е имагинарен простор кој ги поминува сите граници, еден од аргументите е тој дека треба нов правен режим за да се регулира сообраќајот во него.Една од значајните придобивки на Сајберпросторот е WWW која постои од 1992 година.WWW го користи системот на хипертекст за до формира линкови помеѓу повеќе документи.Сајберпросторот кога би го споредиле со другите технолошки придобивки на нашиот век се развива со неверојатна брзина.Во 1876 година Александар Бел го патентира телефонот.На телефонот му требаа 74 години за да се поврзат 5о милиони претплатници,на радиото 34 години за истиот број ,на компјутерите 16 години, а додека на WWW и требаше 4 години од нејзиното појавување за да го постигне бројот од 50 милиони.Во 2004 година се забележани 233 миллиони Интеренет сајтови и 605 милиони корисници во повеќе од 200 земји имаат пристап кон интернет и WWW. За корисниците во развиените земји Интернет е алатка и придобивка на секојдневниот живот.Многу е ретко да најдеш дневен весник кој нема електронско издание,многу огласи и јавни документи се повикуваат на интернет каде можат да се добијат дополнителни информации .Ова е само почетокот.
|
Comments on "Правото говозвраќа ударот на Сајберпросторот"
Речиси е и невозможно денешниот свет да се замисли без компјутери.
Во зависност од тоа во кој стадиум на својот развој е некоја држава, компјутерите таму се употребуваат повеќе или помалку.
Заштита на авторски права за комерцијалниот софтвер, кај слободниот таа легислатива непостои.
MP3, DivX, XViD и остали - во зависност од куповната моќ на населението тие ќе се злоупотребуваат повеќе или помалку. Многу е едноставно ...Замисли луѓето да земаат неколку илјади долари плата што би претставувале $20 долари за оригинално издание на некој филм или музичка колекција.
Поентата е во тоа сите да имаме квалитетен софтвер и квалитетни апликациии за работа,јас на пример доколку би имал по неколку илјади ’ плата како шо велиш ти би одбрал оригинал двд отколку пират,разликата е квалитетот а не квантитетот.Секој сака да има една пристојна двд колекција али па од друга страна да не беа пиратите ние ке бевме во камено време.
П.С поздрав од Мене Теко,по сликава те познав. На ико и Лазо Цимерот се сеќаваш од Прилеп по име Давор.Ете тој е БУДНА ПРАВДА.
Мир
kk
ХАХАХА Давор ЦАРЕ ... :-)
Како не се сејќавам бе :-)
ПОЗДРАВ
Одма те ставам у БЛОГОРОЛ :-)