@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

недела, септември 04, 2005

Патриот


РТот на Добра надеж.Самонаречената најголема земја на светот.Бранителот на слободата и демократијата.Ова го слушаме цело време,го гледаме на улиците во американските филмови,граѓаните на Америка гордо ги веат знамињата прокламирајќи го нивниот патриотизам тотално несвесни за тоа што се наоѓа зад фасадата на нивната држава.Низ целиот свет луѓето се угнетувани и затворани заради нивните верувања.Владата на САД секогаш е за чекор,два побрза од останатите посочувајќи ги таквите неправди кај другите нации во обид да не освести и убеди дека има подобро утре од нашето ,дека имаме слобода.Но дали тие би посочиле на ваквите неправди во рамките на сопствените граници?
Иако Американската влада го негира нивното постоење повеќе од 150 политички затвореници се наоѓаат во американските затвори.Мнозинството од овие затвореници го сочинуваат малцинствата во америка.Голем број од нив се приврзаници на движењата за слобода и се жртви на на програмата на ФБИ позната како COINTELPRO .
Ова се само неколку од жртвите на тоталитаризмот на САД.
Мумиа Абу Џамал е осуден на смртна казна во 1982 година.Тој е погрешно обвинет дека убил полицаец.Како новинар Абу Џамал го изваде на површина полициското насилство што се употребува против заедниците што се малцинства во САД.Кај Абу Џамал е најден пиштол но тој е поседуван со дозвола поради тоа што тој навечер работел и како таксист.Пиштолот на Абу Џамал никогаш не е подложен на вештачење за да се утврди дали е пукано од тоа или од друго оружје, и не само тоа туку и калибарот на куршумот што го уби полицаецот е друг.Абу Џамал имаше 38 години.
Леонард Пелтиер е роден Американец кој е осуден на 5 последователни доживотни робии и е во затвор веќе 30 годин,.тој е организатророт на AIM
Американското Индијанско Движење.На 26 Јуни 1975 години се случува пукање во кој се убиени два ФБИ агенти,за убиствата е осуден Пелтиер иако подоцна четворица ја сменуваат изјавата и според Федералниот Акт на Сад за Слобода на Информациите не му беше овозможено повторно судење.
Мерилин Бак е во затвор веќе 17 години само поради тоа што купила две кутии муниција или пак можеби поради тоа што во 1973 година протестирала поради војната во Виетнам и го поддржувала Движењето за ослободување на црните луѓе.Некои од нас би рекле тоа беше тогаш,сега не прават така работите се сменија, нели?
Погрешно.Една од најголемите закани по основните слободи и човекови права на Американскиот народ е USA Patriot Act.Овој акт и дозволува на Американската влада да да ги шпиунира своите граѓани во било која форма.
Една од најинтересните подточки од овој акт е член 802 кој го дефинира новиот криминал-Домашен Тероризам.Во дефиницијата е вклучена една фраза
Цитирам” било што или било кој што има намера да влијае на политиката на владата преку било која форма се смета за домашен тероризам”,вклучувајќи и секаков вид на протести,бојкотирања,штрајкови и други ненасилни облици на несогласување кој инаку се загарантирани со устав.