@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

вторник, јуни 27, 2006

Ди Џеј Пират


Додека нашите пирати од Македонското Собрание после неколку добро изрежани МП3 компилации заслужено итаат кон Западните височини или низини сеедно.Во Соединетите Држави каде Ди Џеј Јордановски сака да се обиде со својата Ди Џеј кариера за истото дело:режење пиратски ЦД и делење по луѓе се казнува најмалку 5 години робија.Иначе да потсетам дека и според нашиот КЗ следи робија али за тоа во некоја блиска иднина.Имено во САД за продавање на Пиратски софтвер,музика и сл. Преку Amazon.com човекот е осуден на 5 год. Сигурен сум дека и тој во најмала рака заслужил едно амбасадорско место во РМ но сепак немал избор освен окружниот затвор и поштено да си одлежи и да ги врати парите што ги заработил.Го поздравувам Ди Џеј Јордановски и му предлагам кога ќе ги предлага акредатиционите писма на Буш да го почести со една МП3 компилација па да види како функционира правна државаОн Д’ Фејс Он Д ‘ Плејс.
Поздрав и Bujakasha my man Jordanovski!!!!
WEST SIDE!!!

петок, јуни 02, 2006

Бесплатен" OnLine" Курс


Норвешката Медицинска Асоцијација организира бесплатен Курс на интернет за сите дипломирани лекари или лекари кои во моментот се наоѓаат на постдипломски студии на следната тема
"Работата на Докторите во Затворите-Човечките права и Етичките дилеми".
Целта на овој бесплатен курс е да се подигне свеста на Докторите во областите на конфликт на интереси меѓу затворениците(пациентите) и Затворската управа односно администрација,на пример додека траат штрајковите со глад затворениците имаат право на загарантиран доверлив однос со лекарот.Курсот кој го организира Норвешката Медицинска Асоцијација е повторно напоменувам БЕСПЛАТЕН и акредитиран кај Европскиот Совет за Акредитација.Спонзориран е од Норвешкото Министерството за Надворешни работи и претставува уште еден школски пример во која насока треба да се однесува секоја Македонска влада,односно секоја една Министерка за Надворешни работи односно за Правда.Курсот е достапен за секој оној со интернет конекција и после завршувањето на секој учесник му се испраќа диплома.
Тука го имате линкот каде можете да се пријавите за курсот или веднаш да започнете.