@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

вторник, август 01, 2006

Tribute to Стевче


Господин De Cuyper,е од Белгиска националност и му е доделена социјална помош во 1997 и претходно бил вработен во Белгија.Во 1998 година е исклучен од процедурите за доделување на социјална помош на невработени лица.Во 1999 поднесува изјава дека тој живее во Белгија,но инспекторите од Социјалните Служби на Белгија
(Office national de l’emploi) (ONEM) го истражиле случајот и точноста на деталите во изјаватана Г-ин Де Купер и утврдиле декавсушност тој не живеел во Белгија од 1999 туку бил жител на Франција.Врз основа на таа истрага и доказите кои ги прибавиле барањето за социјална помош е одбиено бидејќи не ги исполнува условите според Белгијските закони.ОНЕМ исто така му доставило решение со кое му бара да ги врати парите на државата кои му ги исплаќала од Јануари 1999 година на основ социјална помош во износ од
ЕUR 12 452.78.Г-ин Де купер ја оспорил пресудата на ОНЕМ пред Трибуналот во Брисел кој ги даде препораките како да се одвива прелиминарното сослушување пред Тhe Court of Justice of the European Communities.Со оглед на природата на социјалниете бенефиции Судот ја носи следната одлука:Иако во 1999 е исклучен од процедурите за добивање социјална помош односно ослободен од должноста да се пријавува како невработен а консеквентно на тоа и должноста да биде достапен во случај “Социјално” да му најде работа во ниеден случај не може да биде ослободен од тоа да го пријави своето жителство со цел Социјалните Служби да можат да останат во приправност со цел да биде следена неговата работна активност и семејниот статус.Во однос на следното прашање дали членка на Унијата има право да одлучува за доделување на Социјална помош по однос на потврдено живеење или престојување во EU судот одлучил дек иако жителите на EU имаат загарнтирано право на слобода на движење и престојување во било која членка на Унијата ,тоа право на жителство не е апсолутно односно е променливо и ограничено со други посебни договори и закони.Што значи тоа? Тоа значи дека членка на Унијата има право да одлучува за доделување на Социјална помош по однос на потврдено живеење или престојување во Унијата во следните два случаи:
1. Кога невработено лице оди да живее во друга членка на унијита од домицилната со цел да заснова работен однос.
2.Ако невработеното лице жиеело на територијата на друга држава членка за време на неговото последно вработување.
Бидејќи е јасно дека Г-ин Де Купер не исполнува ниеден од двата услови донесена е горенаведената одлука.Во конкретниов случај Европскиот Суд на Правдата ја потврдил одлуката на домицилниот суд и пресудил дека Договорите на ЕУ се надвлаадеани од домашното право поради употребување на резидентната клаузула според која службите од социјалните услуги имаат право да бидат во целосна приправност со следење на промените на семејната состојба на нивнитеневработени жители .Оправданоста а ова судот ја гледа во надвладување на јавниот интерес без оглед на националноста на личноста која е засегната во овој или иден случај.Поради специфичноста на надоместот по основ на невработеност е дозволено да се применува оваа клаузула.
Е сега мене шо ми беше муабетот ,кој е министерот кај нас кој ке потегне постапка против илјадниците бизнисмени,квази бизнисмени,полтрони ,глодари,цицачи и други видoви “животни” за да ги вратат парите кој неосновано ги земаат како социјално по 15 години и имаат по 300 бизниси и одат да го земат социјалното со лимузини или пак воопшто не одат имаат безрбетници од вработените во агенцијата за вработување кои се потпишуваат за нив во книшките.Мене државата ме третира како криминалец и донесе решение во управна постапка “забрана на примање социјално 2 години оти не сум се потпишал” ни жалба ни бутур. Значи копуци нема социјално за вас после влез во ЕУ.И после Стевче Јакимоски се фали дека намалувал невработување ,реформи праел, абе Стеци глеаш како се работи во нормални земји а не ти коли купуваш на два дена пред да си одиш .


Technorati Tags: , , , , , , , , .