@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

петок, јуни 26, 2009

Мајкл Џексон 1958-2009/ВО СЕЌАВАЊЕ

Мајкл Џексон најголемата ѕвезда во поп-културата ,легендата и најуспешниот уметник во последните 30 години почина вчера во неговиот дом во Лос Анџелес.Нема човек на планетава што барем еднаш не пробал скришно дома да го изигра "MOONWALK" .
Почивај во мир Мајкл.

четврток, јуни 25, 2009

Еднооки да преговараат за името

Епизодата на "Еднооки" од 21.06.2009
треба да му се пушти на Фуере,Рен,Шефер,Солана,Обама,Грците, на посебна проекција во Кино Рамстор и со "превод".Мислам дека после оваа епизода и тие ќе се засрамат што воопшто не тераат да преговараме за името.Во петнаесет минути кажаа се што треба да се каже на најоштар и најлуциден начин од сите претходни епизоди воопшто.
Еднооки да го режираат и следниот спот за Македонија на CNN.Оскар за "ЕДНООКИ"
Уживање.


недела, јуни 21, 2009

S.A.R.S.



Во текстот и спотот сѐ подсеќа на "студентските денови" и на студентските Сиви Домови "Гоце","Кузман", "СТИВ".
Таму лебот беше "најбуџав".
P.S Дупли наводници треба да му се стави на животот на студентите.

Дел од текстот:

Чик погоди шта имам за вечеру
Буџав лебац,Буџав лебац,Њам,Њам,Њам

Џемујем ја стално али немам џема,
Да на леба мажем њега.
Њам,њам,њам,њам..
Џемујем ја стално али немам џема,
Да на леба мажем њега.
Њам,њам,њам,њам..

А код комше увек пун фрижидер свега,
Мортадела и Нутела.


вторник, јуни 16, 2009

Чак Норис Факти

Чак Норис ко че падни во вода не се наводенува ,водата се чакнорисува.
Ко че прај Чак Норис склекој не се крева на раце ,ја турка земјата надолу.
Само Чак Норис можи да ги дели бројките со "нула".
Чак Норис можи да кивни со отворени очи.
Вонземјаните не доаѓаат на нашата планета,се плашат од Чак Норис
Зад брадата на Чак Норис се крие уште една тупаница.
Чак Норис си го полни мобилниот со триење од брадата.
Кога Чак Норис се прави операција анестезија му клаваат на докторите не на Чак.
Упатство ако го видиш Чак Норис:Застани,Легни,Умри.

Чак Норис Спие со запалена ламба.Не поради тоа што се плаши од темнината туку поради тоа што темнината се плаши од Чак.
Чак Норис може да го допре MC Хамер.
Крвната група на Чак Норис е МБ+(мавање бокс позитив)
Рамбо му е куќна помошничка на Чак Норис.
Чак Норис никогаш нема трепнато со очите во целиот свој живот.Никогаш.
Чак Норис го уништил периодниот систем оти тој го признава само елементот на изненадување.
Чак Норис не носи саaт ,тој му кажува на времето колку е саaтот.
Чак Норис има избројано до бесконечно,два пати.
Појака рака во Покер од Ројал Флеш е раката на Чак Норис.
Чак Норис не спија.Тој чека.
Најјак потег во шах е Чак-мат.

Чак Норис иде со маичка со слика на Бранко на митинг на ВМРО и стои во прв ред.
Тито му носел штафета на Чак Норис.
Чак Норис го пратил Тито на Голи оток.
Што е постаро, јајцето или кокошката? Ни едно, Чак Норис е постар.
Чак Норис може да остави порака пред звучниот сигнал.
Чак може да поврзе инфраред и блутут.
Чак Норис добил осмица на лото.
Нон-чаките го добиле името според Чак Норис.
Чак Норис инсталирал Виндоус Виста на Комодоре.
Чак Норис е единствениот бомбаш самоубиец кој преживеал.
Целиот Фејсбук е у ствари Мајспејс на Чак Норис.
На Чак не му треба лиценца за Нортон антивирус, Нортон зема лиценца за да се инсталира на компјутерот на Чак Норис.
Еднаш еден вирус случајно го заразил компјутерот на Чак Норис. Кога видел кој е администратор сам се избришал.
Годо не дошол затоа што начул дека го чека Чак Норис.
Чак Норис може да те задави со бежичен телефон.
Еднаш направиле тоалетна хартија Чак Норис но никој не сакал да се избрише со неа
Чак Норис никогаш не добил Оскар затоа што он не глуми.
Шоферите на ЈСП автобусите му стануваат на Чак Норис да седне.
Чак Норис своите играчки од детството ги ставил во една кутија. Подоцна таа кутија ја нашла некоја Пандора?
Чак Норис бил на Марс, затоа таму нема знаци на живот.
Чак користи ракија наместо Прокулин.
Американците во 1945 се размислувале дали да фрлат атомски бомби или да го пратат Чак Норис. Се одлучиле за похуманата варијанта.

понеделник, јуни 08, 2009

Пиратска Партија се сели во Брисел


Пиратската партија е политичка партија од Шведска која доживеa голема медиумска промоција после пресудата со која основачите на Pirate Bay беа осудени на казни затвор и плаќање големи оштетни побарувања на некои од најголемите филмски и музички продукциски куќи поради хостирање на нивната Веб страна со која што овозможуваат следење и индексирање на Bit Тorrent фајловите .Нејзината главна политичка платформа е апсолутна либерализација на авторските права и правата врз патентите како и зајакнување на приватноста на Интернет и подобрување на транспарентноста на работењето на државната администрација.
Пиратската партија
е трета најголема политичка партија во Шведска во поглед на членството односно прва со членството кога е во прашање нејзиниот подмладок-"Млади Пирати".
На вчерашните избори за Европскиот парламент пиратската партија освои 7.1 процент од вкупните гласови и доби едно место од вкупно 18 -те места кој ги освои Шведска во европскиот парламент.