@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

четврток, септември 14, 2006

Блогери и Права


Се поголемиот замав на блогот како признат медиум,кој во некои земји е веќе заштитен и признат формално правно низ постоечката законска регулатива или судската практика,(Добиени спорови низ судовите во Европа и Америка каде блогот е медиум ,блогерот е новинар) се отвораат и една низа други прашања кои се во една непосредна врска со правата и обврските кои доаѓаат со блогот како и со секој друг медиум пишан или електронски.
Од 1 Септември започна да се применува

Законот за слободен пристап на Информациите
,
кој претставува тврда подлога да се отворат сите прашања во врска со неговите импликации и на блогот како медиум ,кој веќе полека го завзема своето место во нашиот Глобален Македонски Интернет живот.
Со самиот закон се зголемува пазарот на информации ,но дали МАК Блогерите од кои добар дел се докажани во
МК блогосферата би го презеле следниот чекор?Ако веќе го следиме ритамот на глобализацијата и интегрирањето со ЕУ,треба сериозно да се позанимаваме и со правата и обврските кои следуваат со блогирањето,односно би требало да следуваат ако ги побараме.
Дали Македонските блогери се спремни да ги превземат и заштитат правата и обврските кои следуваат?
МАК Блогерите односно On Line новинар имаат право на PRESS пропусница!?

Дали нивната сегашна или идна егзистенција како Оn Line новинар се разликува од новинарот кој работи во А1?
Блогерите треба да имаат пристап до Судовите како известувачи!?
Имаат пристап до состаноците на разни комисии,одбори,владини тела,агенции како и сите останати новинари?
ДАли со новиот закон исто би имале пристап до јавните информации?

Со оглед на тоа што пазарот на информации кај нас е се уште конструиран а консументите “дрогирани” верувам дека треба работите да почнат да се движат во таа насока која би отворила многу врати за блогерите како интернет новинари, а и за самите On line новинари.
Со тоа правопропорционално би се обезбедиле поквалитетни , пообјективни информации и поголема конкуренција на мејнстрим медиумите + повеќе очи кои би демнеле секаде, како волците што ги демнат “бачилата”.
Ако можат сите зошто да не и ние.

среда, септември 13, 2006

Еден Веб Ден









Мисијата на организацијата на “One Web Day” e да се одржи и создаде еден заеднички ден со цел да се прослави животот на интернет кој милиони луѓе го консумираат.Започнувајќи од 22 Септември 2006 година оваа организација има намера да стори се што е потребно за да тој ден започне да се слави како официјален Веб Ден.На 22 Септември од NYC во 12:00 по локално време ќе се одржи глобална веб видео конференција со вклучување од целиот свет со дискусии како и во која мера Веб животот влијае на реалниот и обратно,како Веб го смени светот и нашите гледишта на него.