@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

четврток, јануари 29, 2009

Фрчковски го заслужува само ова........

недела, јануари 04, 2009

Неделникот Глобус и неговите луѓе за Европска Македонија



Почитуван Г-не Георгиевски ,
бидејќи на вашата веб страна немате оставено простор за коментирање на вашите текстови ,што е Европска придобивка за да можете да си ги измерите аргументите со интернет заедницата решив вашиот став изнесен во текстот "Луѓето на Европска Македонија" да го пренесам на мојот блог за да можат и останатите да видат за што се работи односно за да можам јас да го архивирам засекогаш во отпадот на демократијата.

За пушењето.
Драг господине,вие го исмевате законот за заштита против пушење ,па во секоја една европска држава пушењето е стигматизирано на едно ниво ,на кое можеме да позавидиме.Казните се драконски и пушењето се смета веке за општествено неприфатливо однесување,односно се смета дека иако покрај толку информации и факти кои се научно докажани а не одат во полза на општеството треба да си луд или зависник (ШТО СИТЕ НИЕ ПУШАЧИ СМЕ) за да продолжиш да пушиш цигари.
Иако пушам цигари мојата демократска култура и свест не ми дозволува да не ги почитувам законите и научните факти дека милиони луѓе умираат годишно од цигарите.Се прашувам дали и кога одите во Европа на вашите европски пријатели(доколку ги имате) пробувате оваа теза да ја протуркате.
Такви паушални и демагошки заклучоци не му доликуваат ни на еден таблоид а камоли на некој медиум кој тежнее да гради конструктивна и објективна критика.
Пишувате за полтрони,но во ниеден дел ,во ниедна реченица не можев а да не забележам полтронство и безрбетништво.Ке ви кажам и зошто.
За Фрчкоски
Го воздигнувате професорот по право Фрчкоски кој како студент многу го ценев и го сместувате во Европска Македонија ,но професор што тепа жени на јавни места и влегува во физички пресметки не може да биде Европска иднина на Македонија.Во Европската сегашност а и минато нема место за тепачи кои во слободно време сакаат да предаваат на универзитет и тоа замислете право.Во вистинсаката Европа таквите случаи ако се случат веднаш се изолираат и професорот ја губи работата,па потоа затворска со парична казна (КОМБИНИРАНА) и доживотна забрана за предавање во секаква образовна институција,тука влегува и предавање во затвори и други поправни установи.А вака што....професорот не научи дека можеме да се тепаме по улици и потоа да пишуваме колумни и да држиме лекции.Ви се молам,редот така не е.Требаше прво преку колумна јавно да се извини на читателите па потоа на дечкото и девојката што ги тепаше на паркинг па потоа ако читателите му простат можеше да продолжи да пишува во весникот.Но никако да продолжи да предава на Универзитет и тоа Државен.Тоа е европска Македонија и Европски вредности.Така да ве молам тие приказни немој да ни ги продавате ни за без пари а не пак за 50,00 МКД.Јас не знам кој ви ги прави вас анкетите за вашиот магазин и кој ве тапша по рамото дека сте добри но,Македонија има читатели со истенчен вкус и сфатете го ова најдобронамерно.На професорот Фрчкоски не му беше местото во текстот според вас насловен "Европска Македонија".Затоа што аналогно на тоа и вие индиректно го поддржувате неговото планинско однесување ,покажувате огромна необјективност односно според вас тоа е Европски а Тужба за клевета не е Европски и покажувате дека е исправно ако јас не се согласам сега со вашиот текст што и навистина го правам дека имате право да ми ја најдете адресата на која што живеам и да ме истепате.......? Тоа е Европска Македонија според вас? Треба да ме истепате прибидејки не се согласувам со некои ваши ставови?Дали требаше премиерот да го истепа Фрчкоски , а не во една цивилизирана постапка да ја докаже вистината?Според вас премиерот требаше да го чека Фрчкоски пред факултет после работно време и да го ишамара .Тоа значи е европски а судска постапка како цивилизирани луге не е ! Немојте ,ве молам немојте па судовите се затоа ,за да не се испотепаме меѓу себе ако јас не мислам дека сте во право а вие мислите дека сте ,на судот му е дадено право и тоа дискреционо да одлучи кој е во право а кој во криво и тоа е крај.Вие правите една замена на тези и тоа многу лошо и аматерски.Ви се молам ,па Фрчкоски не е новинар за да му бидете вие адвокат,Фрчкоски беше тужен во Граганска процесна постапка како обичен граганин кој еднаш неделно ги пласира своите ставови преку колумна во дневен весник.
И студенти на 2 година правен факултет го знаат тоа.Судски пресуди по дефолт не се коментираат И тоа е Европска придобивка,култура или вредност или принцип на владеење на правото,култура на почитување на правото и правдата како постулат и темел на една држава ,колку тие пресуди биле лоши или неправедни е ирелевантно , тоа е така и е прифатено секаде во светот како такво и точка.Јас сум сигурен дека сето ова вие веќе го знаете но кој се вашите мотиви да пишувате поинаку и да ги рационализирате нештата не знам и не сакам да знам ,но верувајте дека таму надвор имате публика која лесно ве прочита ,од прва.Замислете си вака,за да вие смогнете сили во овие новогодишни празници да пишувате Е-Маил на некој весник за да реагирате на некој нивен текст мора навистина нешто вистински да ве испровоцирало.Професорот Фрчкоски е срам за правниците,адвокатите,судиите и сите што практикуваат право затоа што тепањето луѓе е пред се пештерска и дивјачка придобивка а најмалце Европска и сигурен сум дека според логиката на здравиот разум пред се , а потоа и светската логика и пракса дека него не му е местото во Европска Македонија.Со вашиот текст во последниот број со наслов ЛУЃЕТО НА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА промовирате кривични дела,осуденици за кривични дела ,додека со тоа што го исмевате законот за заштита против пушењето поттикнувате дејствија и активности кои се косат со сите цивилизации на оваа планета и тоа многу повеќе кажува за вас како медиум одколку за било која влада на светот што изгласала таков закон и со тоа сте против здравјето на граѓаните на Република Македонија и сите граѓани на светот.Ви посакувам среќни празници и успех понатаму на вашиот неделник ГЛОБУС и пообјективно известување и застапување во иднина на вистинските светски, човечки ,легалистички,праведни и вистински вредности пред се а потоа европски.