@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

четврток, април 20, 2006

Astral Projection in Prilep City


Почитувани колеги,посетители,туристи,случајни минувачи низ сајберпросторот и љубители на добра транс журка ,навистина ми претставува задоволство што благодарение на Менаџментот на "СТУДИО 54" еден од најголемите Транс Бендови на Денешницата
АSTRAL PROJECTION и официјално на 06 Мај 2006 доаѓаат во Прилеп во
"ДИСКОТЕКА 54".Журката е закажана со почеток во 22:00 до 06:00.Знам дека претходно беше најавено за во Март,но поради обврските на бендот тие доаѓаат дефинитивно на
06 Мај 2006 во Прилеп "Дискотека 54".Картите се вејче пуштени во продажба и чинат 300 ден. во претпродажба и 400 ден. на самиот ден.Јас вејче се наоружав со карта и ви посакувам пријатно возење.

понеделник, април 10, 2006

Jessup Шампионат


Jessup Шампионатот е водечки меѓународен натпревар за симулација на судски расправи.
Формиран е во 1959 година од Универзитетот во Харвард и е наречен по
Phillip C.Jessup професор по меѓународно право и истакнат правник.Натпреварувањето е организирано од ILSA –Меѓународната Асоцијација на Студенти по Право.
Во конкуренција на 2000 студенти и преку 500 пријавени Правни Факултети и училишта за Право апсолутен Победник на натпреварувањето оваа 2006 година е
Columbia Law School.
За оваа година на натпреварот беше симулиран случај пред
Меѓународниот суд на правдата во Хаг.Главната расправа беше водена за Јурисдикцијата на Судот,Принудната Работна Сила како кршење на Меѓународните норми,Правата на Малцинствата и сегменти од Односите меѓу Јавниот и Приватниот сектор.
Тимот на Columbia Law School. ги застапуваше интересите на државата Рубрија а вториот финалист беше тимот на
Universidad Catolica Andrés Bello од Венецуела и ги застапуваше интересите на државата Акастус.