@import url("http://www.blogger.com/css/blog_controls.css"); @import url("http://www.blogger.com/dyn-css/authorization.css?blogID=13412170");

понеделник, март 08, 2010

Право на Интернет пристап-Човеково право


Речиси четири од пет луѓе во светот веруваат дека пристапот до интернет е фундаментално право, според анкетата на Светскиот сервис на БиБиСи .
Анкетата - на повеќе од 27.000 возрасни лица во 26 земји - резултира со силна поддршка за нет пристап.

Земји, како што се Финска и Естонија веќе одлучија дека пристапот на интернет е човеково право за нивните граѓани.Финска стана првата земја во светот, која одлучи дека брз интернет пристап е законско право.Финските телекомуникациски компании ќе бидат обврзани да обезбедат 5.2 милиони луѓе од Финска со интернет пристап со брзина од еден мегабит во секунда.
Финска не е единствената земја што мисли многу на интернет.Францускиот Уставен совет, највисокиот суд во Франција, неодамна одлучи дека интернет-пристап е човеково право, кое ќе биде слично на водата, храната, засолниште, слобода на говор, приватност и образованието.Многу луѓе го гледаат ова како голем чекор напред за човештвото и дека во десет години, ние сите ќе се прашуваме зошто ова и претходно не беше човеково право.

Меѓународни органи, како што се ОН, исто така, се залага за универзален пристап до мрежата. "Правото на комуникација не може да се игнорира," изјави за БиБиСи Њуз.Д-р Hamadoun Туре, генерален секретар на Меѓународната унија за телекомуникации (ITU),
"Интернетот е најмоќното потенцијален извор на просветлување кој е некогаш измислен."

Тој рече дека владите мора да го третираат интернет како "прашање на елементарна и основна инфраструктура - исто како патишта, отпад и вода".

"Ние влеговме во општество базирано на знаење и сите мора да имаат пристап и учество".
Извори:BBC NEWS
Интернет е човеково право во Финска

понеделник, јули 20, 2009

ГУГЛ+Mесечината=GOOGLE MOON


Пред четириесет години на 20 Јули 1969 година космонаутите Neil Armstrong ,Michael Collins, и
Edwin “Buzz” Aldrin, Jr
со мисијата на NASA APOLLO 11 слетаа на месечината.Тоа беше првиот пат кога човекот стапна на друг свет надвор од планетата земја.
GOOGLE MOON ни овозможува да ја погледнеме и месечината одблиску како никогаш досега.

недела, јули 12, 2009

Биковите го возвраќаат ударот


РЕПРИНТ:Напишано понеделник, декември 04, 2006
Трчањето на биковите и борбите со бикови често се “оправдани” како дел од културата или традицијата но некои традиции мора да запрат затоа што биковите
го возвраќаат ударот
.
Некои Шпански градови како Calonge,Tossa De Mar Vilamacolum и La Vajol веќе ги забранија борбите со бикови и таканареченото “трчање на бикови”.

-Повеќе од 40 000 бикови годишно се убиваат во Шпанија
-Пред борбата биковите се удираат по главите со вреќи со песок доволно долго за да му ги замата сетилата
-Пред борбата се дрогираат со лаксативи и најмалце три дена се подложени на перманентно удирање по бубрезите и неколку недели пред тоа носат тешки тегови околу вратот
-Биковите се пуштаат во арената со ефектот на заслепување затоа што 48 часа пред тоа се држат во тотален мрак
-Борбите со бикови во Мексико често вклучуваат Novillada борби со штотуку родени бикови каде најголем дел од публиката се деца
-Туристите од USA и UK се најголемите одржувачи на овој бизнис
На овој линк можете директно да изразите протест на личниот "и-мејл" на градоначалникот на Pamplona и Misericordia и да му кажете “Трчањето на Биковите” да биде заменето со “Нудистичко Трчање”.
Трчајте голи ако можете а не со бикови.

четврток, јули 09, 2009

Човек на Жица

Човек на Жица е документарен филм за човекот кој го изврши најуметничкиот криминал на 20-от век.
Филип Петит
е уметник на жица и за жица.
Филип Петит е човекот кој во 1974 година со челичен кабел ги поврза кулите близначки во Њујорк и помина по него два пати без да биде врзан или да користи други помагала.
Неговата приказна е исклучително необична и восхитувачка.Запрашан зошто го стори тоа? Филип вели "Кога ќе видам два портокали јас жонглирам со нив ,кога ќе видам две кули јас одам помеѓу нив"
Во 2008 година документарниот филм ЧОВЕК НА ЖИЦА во кој тој го го раскажува својот подвиг доби и Оскар за најдобар документарен филм.

среда, јули 08, 2009

ГУГЛ развива оперативен систем

Гугл работи на развивање и "лансирање" на нивен оригинален оперативен систем Google Chrome OS кој би се нашол во продажба на средината на 2010 година.
Со нетрпение!!!
Извор-GOOGLE BLOG

недела, јули 05, 2009

Живот без Екстремитети-Ник Вујичич

За сите нас што нема да можат да се одлучат дали да продолжат понатаму со било што..........со БИЛО ШТО!!!.
Дали да продолжат со факултет,далли да се запишат на факултет,дали да се запишат на два факултети,дали да соберат храброст и да излезат од своето ментално ропство,дали да продолжат со боди-билдинг,дали да се иселат од дома ,дали да се вратат дома,дали да изнајмат филм од ДВД -тека или да појдат на кино(макар и до скопје)дали да заминат од Македонија,дали да се вратат во Македонија,дали да се вратат од САД,Австралија,Африка ,Европа,дали да заминат во САД ,Австралија,Африка ,Европа,дали да одат на одмор на вториот или првиот крак во Грција или пак во Хрватска.
ЗА СИТЕ!!! Ник Вујичич е пример дека како и да Е,ТРЕБА!
Треба да се продолжи понатаму ,насекаде,да не се запира,да тече ,да се менува,да се движи.Ник Вујичич е роден без екстремитети поради ретко ембрионално нарушување ТЕТРА-АМЕЛИА и досега како основач на организацијата ЖИВОТ БЕЗ ЕКСТРЕМИТЕТИ има одржано мотивациони говори пред повеќе од 2 милиони луѓе на сите континенти.
Се среќава со корпорации,работници,средношколци студенти,обични луѓе зборувајќи за страста и пасијата на животот ,живеењето и вербата.

сабота, јули 04, 2009

Прилеп Под Вода